Познати гости, среќни младенци... Официјални фотографии од свадбата на Дејан Манасков и Билјана која е бремена со првото дете
Ракометарот Дејан Манасков и неговата избраничка Билјана Стојановска споделија со јавноста дел од своите официјални свадбени фотографии.
На свадбата, која се одржа на 31 јануари оваа година во Скопје, присуствуваа дел од најдобрите македонски ракометари, како и пејачката Тамара Тодевска, на која Дејан и Билјана ѝ се кумови. Младенците блескаа од среќа и со широки насмевки позираа со своите блиски роднини, пријатели и колеги.
Убавата невеста, која со Дејан го очекува своето прво дете, избра венчаница и долга наметка со перја од македонскиот дизајнер Марков, кој објави дел од фотографиите.
Официјалните фотографии од венчавката ексклузивно ги објави телевизијата Канал 5, каде работи Билјана, а во чии простории била и нивната прва средба.
Ракометарот Гоце Ојлески беше кум на свадбата, додека старосватица беше стилистката Јована Зука.