• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Посветен татко: Рики Мартин пристигна во Буенос Аирес со пораснатите синови, фановите заклучија дека многу личат на него

16 април 2026, 10:45
  • cподели

Дури и кога е на турнеја, семејството е на прво место за Рики Мартин.

Пред концертите во Буенос Аирес, 54-годишниот пејач беше фотографиран во аргентинската престолнина во друштво на синовите-близнаци, Валентино и Матео.

Тројцата беа фотографирани на аеродромот во лежерни модни комбинации. Фановите не пропуштија да забележат дека 17-годишните тинејџери сè повеќе личат на нивниот славен татко.

И покрај светската слава, Рики останува посветен родител. 

Тој честопати истакнува дека неговите деца се неговата најголема инспирација и двигател во кариерата. На доделувањето на наградата за Латино икона минатата година, тој јавно им се заблагодари, нагласувајќи дека сè што прави, го прави со нив во мислите.

Латино ѕвездата ги доби синовите со сурогат-мајка во 2008 година.

Покрај Валентино и Матео, пејачот има уште две деца, ќерката Лусија и синот Рен, кои ги доби во бракот со Џуан Јосеф. Иако тие се разделија во 2023 година, останаа во одлични односи и заедно се грижат за децата.

Tags
Рики Мартин

Најнови

  • Маратонците од Нова Градишка пристигнаа во Крушево: „Вечна му слава на нашиот ангел!“

    Fri, 10/16/2026 - 14:27
  • „Многу ми е жал, нема срцева акција“: Емотивна исповед на инфлуенсерка која имала 4 спонтани абортуси

    Fri, 10/16/2026 - 14:16
  • „Ѝ укажав дека сум лице во инвалидска количка, наместо трпение добив навредливи зборови“: Дарко со порака по немила случка во Скопје

    Fri, 10/16/2026 - 13:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.