„Последен ден“: Татјана Стојановска си заминува од Канал 5, се збогуваше со колегите со кои работеше 15 години
Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 телевизија.
Македонската ТВ презентерка на вести, која цели 15 години беше дел од тимот на информативната редакција на телевизијата, на Facebook објави компилација од фотографии со која откри дека го затвора ова поглавје од нејзиниот живот.
За последниот работен ден, колегите ѝ приредија убаво изненадување со букет цвеќе и накит.
„Емотивен последен ден од мојата 15 годишна работа во Канал 5 телевизија. Многу убави 15 години со моите драги колеги. Ви благодарам ❤️“ - напиша 51-годишната водителка, за луѓето кои долги години биле нејзини најблиски соработници.
Нејзиниот работен ангажман продолжува како презентерка на вести во ТВ Алфа.
Татјана е во брак со Михаил Китановски од 2023 година, а мајка е на 27-годишниот син Матеј, кој го има од бракот со музичарот Благоја Грујовски.