Капри Андерсон, порно ѕвездата којашто беше пронајдена заклучена во собата на Чарли Шин за време на инцидентот минатиот месец, за прв пат откри детали од вечерта и изјави дека ќе го тужи Шин.
22-годишната Капри, чие вистинско име е Кристина Волш, учествуваше во емисијата „Good Morning America“ и ја опиша вечерта со зборовите: „беше како да си во хорор филм“.
Капри Андерсон на интервју
Андерсон објаснила дека била ангажирана да го придружува Чарли Шин на вечера, но подоцна работите тргнале наопаку.
Чарли Шин и Капри Андерсон сликани на вечера заедно
Чарли Шин на вечерата со Капри, со шише вино од 5900 долари в рака
„Од почетокот на вечерта тој беше многу гласен и не се колебаше да користи навредливи зборови. Во втората половина на вечерта стана уште полошо. Тој започна да извикува расистички навреди“ – изјавила Андерсон и дополнила дека во еден момент Чарли ги ставил рацете околу нејзиниот врат.
Порно ѕвездата во интервјуто открила и дека ѝ понудиле пари само за да молчи.
„Нема да се повлечам и да дозволам да газат по мене. Целиот мој живот се промени“ – признала Капри и потврдила дека ќе поднесе тужба против холивудската ѕвезда.
Адвокатот на Чарли пак изјавил: „Жестоко ќе се браниме од оваа тужба и никогаш нема да ѝ платиме ниту цент. Овие обвиненија против г-дин Шин се целосно лажни и се обид за извлекување пари од славна личност“.
Инцидентот се случи минатиот месец во хотелот Плаза во Њујорк. Чарли Шин, кој бил под дејство на дрога и алкохол, се вратил во својата соба заедно со Капри. Забележал дека му го нема часовникот и започнал да ја обвинува својата придружничка за кражба.
Во моментите додека Чарли беснеел и кршел низ собата, Капри се заклучила во бањата. Кога обезбедувањето пристигнало во собата, го пронашле Чарли гол и онесвестен на креветот.
Истовремено, во друга соба од истиот хотел престојувала бившата сопруга на Чарли, Дениз Ричардс, заедно со нивните деца. Подоцна стана јасно дека и таа присуствувала на вечерата заедно со Капри, но заминала порано.
Дениз Ричардс и Капри Андерсон ноќта пред инцидентот
Претставник на 45-годишниот актер уште тогаш изјави дека Чарли бил однесен во болница поради алергиска реакција на лекови и дека сè друго е шпекулација.