• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

По 93 дена на ГАК, храбриот Дамјан роден со само 920 грама си замина дома, истиот пат го помина и братчето пред 12 години

15 октомври 2026, 09:19
  • cподели

По 93 дена поминати на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и акушерство (ГАК), малиот Дамјан се избори за својот живот и си замина дома.

Храбриот борец се роди во 28. гестациска недела и тежеше само 920 грама, а сега „со прекрасни 1.950 грама и со насмевка која го грее срцето, Дамјан си замина таму каде што припаѓа — во топлата прегратка на мама Емилија, тато Трајче и неговиот бато Марио!“

Неговата борба за живот потсетува на приказната на неговото братче Марио, кој пред 12 години го поминал истиот тежок пат, роден предвреме со само 1.180 грама. 

Двајца мали борци, две големи победи и едно семејство со приказна која потсетува дека надежта и љубовта се посилни од секој предизвик.

Еве ја објавата на ГАК:

Започна како најмало зрнце надеж, а си оди дома како најголем победник! ❤

Поминаа точно 93 дена откако во нашиот свет тивко, но со огромна желба за живот, пристигна малиот храбар борец Дамјан.

Роден во 28-та гестациска недела, со само 920 грама, Дамјан уште од првата секунда мораше да се бори со секој предизвик со кој го соочи животот. Неговиот инкубаторот беше бојно поле, а тој — најголемиот јунак што ова семејство некогаш го видело.

Денови на грижи, молитви, молчење и тивки солзи... Но, лавовското срце на Дамјан ги надмина сите пречки, ги победи сите предизвици и докажа дека чудата навистина постојат! 

Денес, со прекрасни 1950 грама и со насмевка што го грее срцето, Дамјан конечно си заминува таму каде што припаѓа — во топлата прегратка на мама Емилија, тато Трајче и неговиот бато Марио! 

А бато Марио најдобро ја знае оваа борба... Пред точно 12 години, и тој го изоде истиот тој тежок пат, роден предвреме во 30-та гестациска недела со само 1180 грама. Денес, тој е голем, силен и подготвен да го чува и да го учи својот помал брат како се победува во животот. Ова семејство едноставно има херои на кои треба да се угледаме.

Нека му е со среќа на нашиот мал борец Дамјан! Да биде жив, здрав, безгрижен и да расте опкружен со бесконечна љубов. ❤
 

Tags
ГАК

Најнови

  • По 93 дена на ГАК, храбриот Дамјан роден со само 920 грама си замина дома, истиот пат го помина и братчето пред 12 години

    Thu, 10/15/2026 - 09:19
  • Хилари Свонк

    Танц во темница и светлечко бебе: Хилари Свонк е бремена на 52 години, ја сподели веста со креативно видео

    Thu, 10/15/2026 - 09:00
  • Адријан Гаџа ужива со синчето во прегратка на слатки домашни фотографии и видеа

    Thu, 10/15/2026 - 08:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.