• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Писмо од мајка за малата ќерка: Вистината за Дедо Мраз

12 ноември 2014, 16:18
  • cподели

Не постои дете кое не го сака старецот со бела брада кој носи новогодишни подароци. Дедо Мраз е омилената личност од детството и многу дечиња се силно разочарани кога ќе ја дознаат вистината за него.

Марта Брокинбро е креативна мајка и писателка, која преку прекрасно писмо ѝ го одговорила на ќерка си тешкото прашање за постоењето на Дедо Мраз.

Имено, Брокинбро и нејзината ќерка Луси редовно си разменувале писма преку кои разговарале за сешто (спортови, книги, авантури од фантазиите). Сè било едноставно сè додека Марта не ја добила пораката: „МОРАМ ДА ЗНАМ. ТИ ЛИ СИ ДЕДО МРАЗ? КАЖИ МИ ЈА ВИСТИНАТА.“

Дедо Мраз

Еве што ѝ одговорила Брокинбро, обидувајќи се да ја каже вистината на начин кој ќе зачува барем малку од магијата поврзана со Дедо Мраз и радосните празници.

Драга Луси,

Ти благодарам за писмото. Постави многу добро прашање: „Ти ли си Дедо Мраз?“

Знам дека долго време го посакуваш одговорот на ова прашање, но морав внимателно да размислам што да ти кажам.

Одговорот е не. Јас не сум Дедо Мраз. Нема еден Дедо Мраз.

Јас сум личноста која ги полни обесените чорапи со подароци. Исто така, јас ги избирам и ги виткам подароците од под елката, исто како што мајка ми го правеше тоа за мене и исто како што нејзината мајка го правела тоа за неа. (И да, и тато помага.)

Претпоставувам дека еден ден и ти ќе го правиш истото за твоите деца и знам дека ќе обожаваш да ги гледаш како трчаат надолу по скалите на божиќното утро. Ќе обожаваш да ги гледаш како седат под елката, додека нивните лица се осветлени од новогодишните сијалички.

Но, ова нема да те прави Дедо Мраз.

Дедо Мраз е поголем од сите и тој работи подолго отколку што кој било од нас може да живее. Она што тој го прави е едноставно, но моќно. Тој ги учи децата како да веруваат во нешто кое не можат да го видат или допрат.

Тоа е тешка и многу важна работа. Во текот на животот ќе ти биде потребна способноста да веруваш: во себе, во твоите пријатели, во твоите таленти и во твоето семејство. Исто така, неопходно ќе биде да веруваш во нешта кои не можеш да ги измериш или да ги држиш на дланка. Зборувам за љубовта, големата сила која ќе ти го осветлува животот, дури и во најмрачните и најладни моменти.

Дедо Мраз е учител, а јас бев негов ученик. Сега ја знаеш тајната за тоа како слегува низ сите оџаци на Бадник: тој има помош од сите луѓе чии срца ги има исполнето со радост.

Со полни срца, луѓе како тато и како мене, му помагаат на Дедо Мраз да ја заврши работата која инаку би била невозможна.

Па, не. Јас не сум Дедо Мраз. Дедо Мраз е љубов и магија и надеж и среќа. Јас сум во неговиот тим, а сега и ти си исто така.

Те сакам и секогаш ќе те сакам.

Мама
Tags
Дедо Мраз
креативно

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.