• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пенелопе Круз во солзи по 16-минутните овации во Венеција, со Хавиер Бардем блеснаa на црвениот тепих

9 септември 2026, 08:40
  • cподели

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем ја освоија Венеција. Нивниот нов филм „Bunker“ доби 16-минутни стоечки овации, а шпанската актерка се расплака додека публиката го поздравуваше филмскиот тим.

На синоќешната премиера, 52-годишната филмска ѕвезда го привлече вниманието во огненоцрвен фустан од Шанел со спуштена линија на половината, висок шлиц и впечатлив ремен со реси. Креацијата ја надополни со црвени потпетици и дијамантски обетки, а нејзиниот сопруг избра елегантен темносин костум со сјајни ревери и црна „пеперутка“.

Сепак, вистинската кулминација следуваше по проекцијата. Публиката стана на нозе и аплаудираше цели 16 минути, што е најдолгата овација на фестивалот годинава. Пенелопе не можеше да ги задржи солзите, а покрај неа Хавиер ја споделуваше радоста, разменувајќи насмевки и погледи со сопругата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Variety (@variety)

Двојката, која е во брак од 2010 година, повторно ја пренесе својата хемија на големото платно. Во психолошкиот трилер на Флоријан Зелер, тие ги играат Софија и Мигел, сопружници чиј 17-годишен брак се соочува со криза кога Мигел, успешен архитект, прифаќа понуда да изгради луксузен бункер за технолошки милијардер. Одлуката отвора прашања за моралот, привилегиите, стравот и вредностите врз кои е изграден нивниот заеднички живот.

Режисерот откри дека сценариото го напишал специјално за Пенелопе и Хавиер, кои биле негова инспирација и како актери и како еден од најпознатите парови во филмската индустрија. Покрај нив, во филмот настапуваат Стивен Греам, Пол Дано и Патрик Шварценегер.

Круз и Бардем се запознаа во 1992 година на снимањето на „Jamón, Jamón“, а љубовната врска ја започнаа по заедничката работа на „Vicky Cristina Barcelona“ во 2008 година. Денес, имаат две деца и повеќе заеднички филмски проекти зад себе, меѓу кои „Loving Pablo“ и „Everybody Knows“.

„Bunker“ е дел од официјалната конкуренција за Златниот лав.

Tags
Пенелопе Круз
Хавиер Бардем

Најнови

  • Пенелопе Круз во солзи по 16-минутните овации во Венеција, со Хавиер Бардем блеснаa на црвениот тепих

    Wed, 09/09/2026 - 08:40
  • Венко Андоновски со остра порака: „Срамно време, парите се умножуваат, љубовта исчезнува“

    Tue, 09/08/2026 - 23:25
  • „Никој не те гледа, живеј по сопствено сценарио“: Моќно видео за очекувањата наметнати на жените

    Tue, 09/08/2026 - 23:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.