Папата запеа на концерт за сиромашните: „Младата бунтовничка“ Луисана Лопилато со сопругот Мајкл Бубле на средба со Лав XIV
Лав IV несомнено знае како да се забавува.
Римскиот папа беше дел од божиќниот „Концерт за сиромашните“ во Рим, на кој настапуваше Мајкл Бубле. Видео на кое тој ја пее песната „L-O-V-E“ заедно со Бубле стана хит на социјалните мрежи.
На концертот, Мајкл беше придружуван од сопругата Луисана Лопилато, која кај нас се прослави по улогата на Миа Колучи во тинејџерската серија „Млади бунтовници“.
Славниот пар се запозна со папата, а Луисана сподели фотографии на социјалните мрежи заедно со текстот:
Бог е голем! Едно од оние искуства што засекогаш ќе останат во моето срце.
Понекогаш Бог ни подарува моменти кои нè потсетуваат на она што навистина е важно.Ова беше момент исполнет со емоции… но и со гордост. Затоа што не можам да најдам зборови да опишам колку сум горда на Мајкл.
Како што му реков насамо: „Нема да издржам, ќе плачам цело време.“ И да… точно тоа и се случи.
Тоа што те гледав таму, со сè што постигна и што гледав како се движеше со таа сила која е уникатно твоја… беше нереално неверојатно.
Никој на светот не би можел да го направи тоа што ти го направи, на начинот на којшто го направи. Ти си навистина, навистина неверојатен.
Луисана и Мајкл во 2016 година беа исправени пред најголемиот предизвик кога открија дека нивното најголемо дете има рак на црниот дроб. За среќа, тој се излекува и сега е големо момче. Парот има уште три деца.