Папата Лав XIV боледува од рак на белите дробови. Анализата на ткивото отстрането за време на операција го потврдила присуството на канцерогени клетки.
Ватикан соопшти дека 71-годишниот поглавар на Римокатоличката црква бил успешно опериран во болницата „Џемели“ во Рим.
На папата во вторникот му бил отстранет дел од десното белодробно крило откако при рутински прегледи му бил откриен јазол на белите дробови. Анализата на ткивото потврдила дека станува збор за аденокарцином, една од најчестите форми на рак на белите дробови.
Операцијата траела околу 90 минути, а интервенцијата поминала успешно, без компликации.
„Операцијата беше успешна и немаше компликации. По интервенцијата, папата се разбуди нормално и по краток период на набљудување се врати во својата соба“ – соопшти Ватикан.
Се очекува Лав XIV да остане во болницата „Џемели“ околу седум дена, за да закрепне по операцијата. Неговите јавни активности се откажани до 20 октомври, а лекарите спроведуваат дополнителни испитувања за да утврдат дали болеста се проширила надвор од отстранетиот дел од белите дробови.
Засега нема официјална прогноза за понатамошниот тек на болеста.
Лав XIV, роден како Роберт Превост во Чикаго во 1955 година, беше избран за папа во мај 2025 година, по смртта на папата Франциск. Пред изборот за поглавар на Католичката црква, со години служел како мисионер и бискуп во Перу.