• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ова срце чука само за вас“: По 20 години борба со неплодност, 54-годишна жена забремени со ин витро во Битола

14 октомври 2026, 09:45
  • cподели

Дваесет години надеж, исчекување и борба за остварување на желбата за мајчинство. 54-годишна жена, која две децении се соочувала со неплодност, конечно ја дочека радосната вест дека е бремена.

Д-р Таше Трпчевски сподели видео на Instagram во кое го претстави случајот и откри дека трудницата е во рана бременост, а на ултразвучниот преглед веќе е регистрирана срцева активност на ембрионот.

„Пациентката има 54 години, 20 години се бори со неплодност. Ова ѝ е прво ин витро, кое го реализиравме во успешна бременост“ – објаснува докторот од битолската болница „Плодност“.

„Го слушате како отчукува. Ова срце на вашето идно бебенце чука само за вас“ – ѝ вели тој додека го извршува ултразвучниот преглед.

На крајот од видеото, д-р Трпчевски ѝ се заблагодарува на пациентката за довербата која му ја укажала на медицинскиот тим на „Плодност“ и ѝ посакува лесна бременост.

Видео

Најнови

  • „Ова срце чука само за вас“: По 20 години борба со неплодност, 54-годишна жена забремени со ин витро во Битола

    Wed, 10/14/2026 - 09:45
  • „Синко мој, дали некогаш ќе си се гушнеме?“: Пејачот Маријан Стојаноски со тага во срцето сподели фотографија од синчето кое почина на 5 години

    Wed, 10/14/2026 - 09:05
  • Папата Лав XIV има рак, оперативно му бил отстранет дел од белите дробови

    Wed, 10/14/2026 - 08:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.