• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Оливија и Лијам на врвот: Еве кои се Најпопуларните имиња за бебиња во САД

11 мај 2026, 21:30
  • cподели
Најпопуларни имиња за бебиња во САД за 2025

Изборот на име за новото бебе е една од најслатките одлуки за родителите, а идеи за инспирација се секогаш добредојдени.

На Денот на мајката во САД, беа објавени официјалните податоци за најзастапените имиња за бебиња во 2025 година.

Според податоците на The Social Security Administration, Оливија и Лијам се неприкосновени владетели.

Иако врвот е ист, на листата на женски имиња има интересни промени. Елегантното име Шарлот конечно успеа да ја симне Ема од второто место, прекинувајќи ја нејзината доминација како „прва придружничка“. Исто така, се збогувавме со популарното име Ава кое испадна од топ 10 клубот, а на нејзино место блесна прекрасното име Елијана.

Кај момчињата, ситуацијата е далеку постабилна. Првите четири позиции остануваат „бетонирани“ – Лијам, Ноа, Оливер и Теодор очигледно се имиња кои модерните родители едноставно ги обожаваат.

Еве како изгледа целосната листа:

Најпопуларни имиња за бебиња во САД за 2025
Најпопуларни имиња за бебиња во САД за 2025

Кој е во подем, а кој ја губи популарноста? 📈📉

Кога станува збор за имиња кои најбрзо стануваат хит, има изненадувања. Кај момчињата вистинска ѕвезда е Касаи (Kasai), моќно име кое значи „оган“ на јапонски, а кое скокна за неверојатни 1.108 места на листата. Кај девојчињата, најголем скок (за дури 1.396 места) има името Кларити (Klarity) и тоа баш во оваа верзија со буквата „К“, како модерна варијација на англискиот збор за јасност (clarity).

Од друга страна, некои поранешни фаворити го губат својот сјај. Кај девојчињата, најголем пад бележат имињата Обри (Aubrie), Катлеја (Cattleya), како и Зендаја (Zendaya). Кај момчињата, сè помалку родители се одлучуваат за имињата Карим (Karim), Каза (Khaza), Каи (Khai) и Ланден (Landen).

Листата е составена врз база на податоци за околу 3,6 милиони бебиња.

Tags
бебешки имиња

Најнови

  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Хајди Клум шармираше во креација од Ели Сааб на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 10:26
  • Извонредна и на 92 години! Џоан Колинс гламурозна дама на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 09:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.