Охридското Езеро доби едно од најубавите можни признанија на Time Out.
Познатото туристичко списание го прогласи македонскиот бисер за најубавото место во Европа.
Патеписците на магазинот го ставија Охридското Езеро пред бројни познати европски туристички дестинации, опишувајќи го како помирна и многу попристапна алтернатива на италијанското езеро Комо.
Додека Комо е магнет за светските ѕвезди, луксузните вили и милионите туристи, Охридското Езеро нуди поинакво искуство – кристално чиста сина вода, планински пејзажи, историски градови и атмосфера во која, како што пишува Time Out, времето како да застанало.
Списанието го издвојува и легендарното предание дека Охрид некогаш имал 365 цркви – по една за секој ден во годината.
На листата, покрај Охридското Езеро, се најдоа и италијанскиот Алберобело, лондонските Кју Гарденс и познатата Каса Батљо на Гауди во Барселона.