• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Огромна радост: Бебенце родено со 1.100 грама и срцева маана си замина дома по 50 дена во болница, д-р Чадиковски ја сподели убавата вест

21 јануари 2026, 13:59
  • cподели

Бебе родено во 29. гестациска недела, со родилна тежина од само 1.100 грама и срцева мана, си замина дома. 

Малото херојче конечно ќе ужива во топлината на својот дом по 50 дена поминати во болница. Моментално тоа е во одлична здравствена состојба и потешко за цел еден килограм.

Убавата и охрабрувачка вест ја сподели доктор Владимир Чадиковски, кој откри дека новороденчето по раѓањето било во исклучително тешка состојба и поради дијагностицираната срцева мана итно било префрлено на Одделот за детска кардиохирургија, каде започнала борбата за неговиот живот.

Тој објави две фотографии од малото бебенце и родителите заедно со текст кој потсетува дека „медицината не е само професија, туку и мисија“.

Еве ја неговата објава:

Бебето е родено во 29. гестациска недела, со родилна тежина од 1100 грама во многу тешка здравствена состојба. Поради дијагностицирана срцева мана, итно беше префрлено на нашиот оддел за понатамошно лекување. 

По 50 дена посветен третман, грижа и континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа состојба, со телесна тежина од 2100 грама, заедно со своето семејство.

Огромна радост за семејството, но и за нас. Браво за родителите за нивната сила и трпение.

Големо браво за целиот медицински тим од одделот за детска кардиохирургија – за знаењето, посветеноста и човечноста.

Ваквите приказни нè потсетуваат зошто медицината не е само професија, туку и мисија.

А токму поради ваквите успешни приказни доктор Чадиковски е нарекуван „медицински херој“.

Tags
Владимир Чадиковски
минијатурно бебе

Најнови

  • Државна Лотарија

    Државна Лотарија најостро реагира на обидите на одредени медиуми за креирање на искривена слика за нивното работење

    Wed, 01/21/2026 - 14:37
  • Denkmit Glamorous Moment омекнувачот од еден литар по цена од 99 денари: свежина што трае и други Denkmit фаворити за чист дом од dm

    Wed, 01/21/2026 - 14:28
  • Огромна радост: Бебенце родено со 1.100 грама и срцева маана си замина дома по 50 дена во болница, д-р Чадиковски ја сподели убавата вест

    Wed, 01/21/2026 - 13:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.