Од 480 до 2.600 грама: Минијатурно бебенце родено во 24-тата недела преживеа благодарение на медицинскиот тим
Минијатурната Миа е вистински симбол на надежта и борбата за живот.
Родена во 24-тата гестациска недела, со само 480 грама, таа ги помина првите месеци од својот живот под будното око на медицинскиот тим на Одделот за неонатална интензивна нега при Институтот за педијатрија на Карловиот универзитет во Прага.
Малото девојче се родило месеци пред терминот и веднаш било сместено на интензивна нега, каде лекарите и медицинските сестри со недели се бореле за секој нов ден.
Благодарение на нивната стручност и современата медицинска нега, Миа постепено напредувала. По 16 недели борба, таа стигнала до предвидениот термин за породување и тежина од 2.610 грама.
Емотивните видеа објавени со дозвола на родителите се доказ дека „чудата навистина се случуваат“.