• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Обожавателка го изненади Јаков Јозиновиќ со рачнo нацртани патики, тој веднаш ги облече за концерт

22 јуни 2026, 20:55
  • cподели
Јаков Јозиновиќ

Изминатиот викенд ќе остане запаметен како еден од најважните моменти во кариерата на младиот пејач Јаков Јозиновиќ. 20-годишниот музичар, кој го освои регионот со својот талент и харизма, одржа два спектакуларни концерти во преполната Арена Загреб.

Покрај громогласниот аплауз и поддршката од илјадници обожаватели кои пееја со него во еден глас, Јаков доби и бројни подароци. Уметницата Ива Ивиќ му поклони уникатен пар рачно насликани патики и инстантно го одушеви.

Јаков Јозиновиќ и Ива Ивиќ

„Јаков, се надевам дека овие патики ќе ти останат како спомен од првата од многуте Арени Загреб“ – напиша таа на објавата од видеото во кое се гледа процесот на изработка на патиките.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Iva Ivčić (@ivaivcic25)

На едната патика се прикажани мотиви инспирирани од албумот „Ja za čuda letim“, додека другата ја доловува атмосферата од неговиот голем концерт во преполната арена, но содржат и детали од сите песни на албумот, за кои талентираната девојка вели дека ги слушала додека ги цртала.

Реакцијата на Јаков беше искрена и полна со воодушевување. Штом ги виде патиките, веднаш почна да им ги покажува на луѓето околу себе, не криејќи колку е импресиониран од трудот и креативноста вложени во подарокот.

„Дали си ти нормална? Ти го нацрта ова? Не е ChatGPT? Се шегувам. Ти благодарам...ПРЕ-ДОБРО... Не знам што да кажам. Што да ти подарам јас тебе после ова? Карти за утре... немам ништо“ – низ смеа ѝ рече пејачот и ја прегрна.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Iva Ivčić (@ivaivcic25)

Но, најголемото благодарам пристигна наредниот ден кога Јаков ги облече патиките како дел од неговиот стајлинг за втората концертна вечер, а пресреќната Ива на Инстаграм ја сподели целосната приказна за овој уникатен подарок.

„Уште од првиот месец зборував дека ќе ги нацртам овие патики, толку многу што веќе почнав да им одам на нерви на пријателите. 😂

Иако не знаев како ќе го изведам тоа, си реков дека тој ќе ги добие патиките за својата прва Арена Загреб, за да му останат како спомен. Потоа, работите полека почнаа да се редат за таа желба да се оствари.

Не долго потоа, го сретнав Јаков во теретаната во која одам и му пристапив со зборовите: 'Јас не сакам фотографија, но би сакала да ти нацртам патики.'

Секако, во тој момент не го прашав кој број обувки носи и како ќе го реализирам сето тоа, па морав да се снаоѓам на други начини. Испрашував луѓе, праќав пораки и на крајот дознав кој број носи, а потоа остана само прашањето како да му ги предадам.

Но, на крајот коцките се сложија и сосема неочекувано, запознав луѓе кои ми помогнаа да го остварам ова.

Кога ја видов неговата реакција, но и реакцијата на луѓето околу него, си реков: 'Тоа е тоа, успеав во мојата намера', и среќна си заминав дома.

А потоа – ШОК! Моите патики станаа дел од неговиот стајлинг на вториот концерт. Не можев да поверувам. Среќата беше огромна и можам само да кажам дека тоа е најубавото и најголемото 'благодарам' што можев да го добијам, како и доказ дека упорноста и трудот навистина се исплатат. ❤️“
 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jakov (@jakov.jozinovic)

Tags
Јаков Јозиновиќ

Најнови

  • Лина Пејовска стана русокоса, со нов имиџ го прослави 24-тиот роденден

    Mon, 06/22/2026 - 21:45
  • Јаков Јозиновиќ

    Обожавателка го изненади Јаков Јозиновиќ со рачнo нацртани патики, тој веднаш ги облече за концерт

    Mon, 06/22/2026 - 20:55
  • Македонското знаме се вееше во Сараево: Таеквондистката Ведрана Тунески освои злато

    Mon, 06/22/2026 - 18:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.