• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Нова радост за „младата бунтовничка“: Луисана Лопилато е бремена со третото дете

4 февруари 2018, 16:05
  • cподели

По тешкиот период поради борбата на нејзиниот мал син со рак, Луисана Лопилато има за што да се радува. Аргентинската актерка, која кај нас е позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, е бремена со третото дете од Мајкл Бубле.

Среќната вест беше потврдена од претставник за јавноста на славниот канадски пејач.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Луисана и Мајкл се во брак речиси седум години и се родители на 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Елијас.

Парот ги шокираа своите фанови кога пред 15 месеци објави дека Ноа се бори со рак на црниот дроб. Тие веднаш се повлекоа од сцената и се посветија на приватниот живот.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Неколку месеци по страшната дијагноза, семејството сподели дека Ноа одлично напредува. „Сакам да споделам со сите вас дека благодарение на Бог, син ми е добро. Секако, процесот е долг, како што знаете сите, и Ноа мора да продолжи со контроли. Но, ние сме многу среќни и многу сакаме да размислуваме за иднината, да ги гледаме нашите синови како растат. Тешко е да се зборува, бидејќи сето тоа се случи пред многу кратко време, па јас сум малку чувствителна на оваа тема“ – изјави Луисана.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

Мајкл и Луисана се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак.

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле
Tags
Луисана Лопилато
Мајкл Бубле

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.