• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Нова ера за Victoria’s Secret: Пред 25 години само 3, сега дури 16 мајки на пистата

22 октомври 2026, 13:00
  • cподели

Мајчинството и годините не се пречка за блескав камбек, а тоа беше видливо и на најновата ревија на Victoria’s Secret.

На овогодишното спектакуларно шоу на брендот, дури 16 мајки зачекорија на пистата, испраќајќи силна порака дека женската убавина не исчезнува со мајчинството, ниту пак е ограничена на одредена животна доба.

Ако се вратиме 25 години назад, во 2001 година, меѓу моделите на ревијата, само три биле мајки, а модната индустрија имала многу потесни стандарди за тоа како треба да изгледа идеалниот модел.

Ако некогаш 31 година беше „горната граница“ за еден модел на пистата на VS, легендарните Адријана Лима и Алесандра Амбросио ги срушија сите граници. На 45 години, двете модни икони и мајки изгледаа помоќно од кога било досега.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Alessandra Ambrosio (@iconalessandra)

Од сите модели кои годинава дефилираа на ревијата, дури 27 се на возраст над 30 години.

Погледнете како изгледаа атрактивните мајки на ревијата: 

Адријана Лима

Лима има три биолошки деца: ќерките Валентина (16) и Сиена (13), кои ги има со поранешниот сопруг Марко Јариќ и синот Сајан (4) со сегашниот сопруг Андре Лемерс. Таа е и маќеа на Мија и Лупо, децата на Лемерс од претходна врска.

Алесандра Амбросио

Алесандра има две деца: ќерката Ања (18) и синот Ноа (12) со поранешниот свршеник Џејми Мазур.

Роузи Хантингтон-Вајтли 

Роузи има две деца, синот Џек (9) и ќерката Изабела (4), со вереникот Џејсон Стејтам.

Барбара Палвин 

Палвин има едно дете, ќерка по име Силви, која ја доби со сопругот Дилан Спраус. Таа се породи само шест недели пред шоуто.

Кендис Сванапул

Со поранешниот свршеник Херман Николи, Кендис има два сина, Анакан (9) и Ариел (8).

Ирина Шајк 

Шајк има една ќерка, Леа Де Сејн (9), со поранешниот партнер Бредли Купер. Таа всушност беше бремена во петтиот месец на својата прва ревија за VS во 2016 година.

Кајли Џенер 

Кајли има две деца, ќерката Сторми (8) и синот Ејр (4), со поранешниот партнер Тревис Скот.

Џиџи Хадид

Џиџи има една ќерка, Каи (6), со поранешниот партнер Зејн Малик.

Беати Принсло 

Беати има три деца со сопругот Адам Левин: ќерките Дасти Роуз (9) и Џио Грејс (8) и синот (3), чие име не е јавно објавено.

Дауцен Круз

Дауцен има две деца, 15-годишниот Филен и 12-годишната Милена.

Елза Хоск

Елза е мајка на две ќерки, Тули (5) и бебето Флора.

Ешли Греам 

Мајка на три сина: Исак (6) и близнаците Малачи (4) и Роман (4), кои ги има со сопругот Џастин Ервин.

Џасмин Тукс 

Тукс има две деца, ќерката Миа (3) и синот Матео (речиси 1 година), со сопругот Хуан Давид Бороеро.

Каролин Трентини 

Каролин има два сина, Бенто (13) и Беноа (10), со сопругот Фабио Бартелт.

Грејс Елизабет

Со сопругот Николас Краузе, Грејс има два сина, Ноа (5) и Лукас (2).

Минг Си 

Си има две деца, синот Роналдо (7) и ќерката Роми (4), со сопругот Марио Хо.

Tags
Victoria's Secret
Victoria's Secret 2026

Најнови

  • „Жал ми е што жените сè уште слушаат: ‘Мајка си, тоа е дел од процесот’“: Физиотерапевтката Ивана за проблемите по породувањето кои не треба да се игнорираат

    Thu, 10/22/2026 - 23:45
  • Техномаркет

    Техномаркет со нов, модерен продажен салон во Triangla Fashion Park во Маџари

    Thu, 10/22/2026 - 13:06
  • Нова ера за Victoria’s Secret: Пред 25 години само 3, сега дури 16 мајки на пистата

    Thu, 10/22/2026 - 13:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.