Нов летен хит во најава: Спотот за „Делириум“, новата песна на Пајак со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“, која несомнено ќе се смести меѓу хитовите кои ќе се слушаат ова лето.
„Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости.
Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а како автори се јавуваат Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ. Видеото се снимаше на локација близу Скопје, во режија на Гордан Божиновски.
„После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме заедничка песна, ‘Делириум’. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментари дека е ‘заразна’ и дека веднаш влегува во уво, па се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина и публиката ќе пее со нас“ – вели Јован.