Носталгија и емоции: Професори и родители ги расплакаа матурантите со спомени и предмети од детството
Матурата е животна пресвртница кога радоста за новиот почеток се меша со носталгијата по безгрижните години кои остануваат зад нас.
Токму таков емотивен момент доживеаја матурантите од Американското училиште во Торeон, Мексико, кога нивните родители ги изненадија со фотографии, предмети и спомени од нивното детство.
Средбата се претвори во патување низ времето, кога пред матурантите биле поставени фотографии од нивните најрани години, лични предмети и подароци со посебно значење, со кои родителите ги потсетиле на деновите кога биле мали.
Видеото од настанот има повеќе од 2 милиони прегледувања и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Корисниците ги пофалија родителите кои вложиле труд за да им приредат на децата драгоцен спомен.
„Веќе заплакав со нив“, „Едноставно прекрасно“, „Плачењето за непознати луѓе ми е страст“ – се само дел од коментарите.