• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Невозможното стана реална среќа“: Девојка зачната со инвитро пред 18 години во посета на д-р Таше од „Плодност“

19 декември 2024, 11:57
  • cподели

Доктор Таше Трпчевски од битолската болница „Плодност“ е заслужен за доаѓањето на свет на многу бебиња. Меѓу нив е и Спасија.

Девојката, која била родена благодарение на инвитро постапка пред 18 години, го посети врвниот доктор и основач на болницата, која го овозможи нејзиното зачнување. Спасија е дел од бебињата родени со помош на ин витро кои се наоѓаат на фотографиите на ѕидовите од болницата.

Доктор Таше Трпчевски и Спасија

Убавата приказна, заедно со фотографиите, беше споделена на социјалните мрежи на „Плодност“:

Пред 18 години, кога само надежта останала да биде најголемиот водич, Прим. д-р Таше Трпчевски помогна да се создаде еден нов живот.

Благодарение на ИВФ постапката, едно мало срце започнало да чука, а сонот на мајката стана реалност. Тоа мало срце, малата Спасија, денес стои пред нас – прерасната во прекрасна млада девојка, која со насмевка се врати на местото каде што започна нејзината приказна.

Со топлина во срцето и длабока благодарност, таа дојде лично да му се заблагодари на човекот кој го започна нејзиниот животен пат.

Со гордост и емоции, нејзината мајка на социјалните мрежи напиша:

‘Патот кон невозможното стана реална среќа.’

На ѕидот исполнет со илјадници ИВФ бебиња, каде секоја фотографија е дел од нечиј најголем сон, стои и нејзината слика – како симбол на вера, надеж и љубов што продолжува да инспирира.

Доктор Таше Трпчевски и Спасија Доктор Таше Трпчевски и Спасија
Tags
Болница Плодност
Д-р Таше Трпчевски

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.