• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Немаме кола, ќерките носат облека од братучеди“: Македонци кои живеат во Норвешка откриваат како штедат за да патуваат 9 месеци

12 јуни 2026, 12:51
  • cподели

Славица Савеска Кењереш од Скопје веќе неколку години живее со семејството во Норвешка. Но, иако оваа скандинавска земја е нивни дом, тие често патуваат низ светот.

Преку Instagram профилот „Семејство на пат“ откриваат кои дестинации ги посетиле, кои места им оставиле најголем впечаток, а неретко споделуваат и навики кои им помагаат да имаат средства за да патуваат.

Нивната последна голема авантура беше во Азија, каде девет месеци патуваа од една во друга земја.

Во најновата објава, Славица открива на што штедат во секојдневниот живот за да издвојат пари за патување.

На што НЕ трошиме пари за да можеме да патуваме 9 месеци?

Живееме во Осло веќе 14 години и сме одомаќинети во норвешкото општество. Сепак низ сите овие години имаме задржано принципи кои се главната причина поради која можевме да си дозволиме да патуваме 9 месеци.

Кола: Сметаме дека трошокот за кола е значително поголем од комоцијата која таа ја нуди. Пешачиме многу, а за долги релации користиме јавен превоз. Заштедуваме ако ништо повеќе тогаш годишна регистрација и редовен сервис.

Не се обидуваме да изгледа богато: Нашиот дом не е и не изгледа „луксузно“, ниту пак ние поседуваме скапи парчиња облека или накит. Поважно ни е да ни е удобно и „топло“ во душата.

Нов телефон и скапа месечна претплата: Менуваме телефон кога ќе ни „цркне“ стариот и ги имаме најевтините претплати преку работодавец.

„Марка“ облека: Ќерките со гордост носат облека која ја наследуваат од братучетки и братучеди, а за нас возрасните плакарот ни е делумно полн со облека која е стара 10-15 години.

Месечни претплати: Немаме premium претплати на Spotify, ниту Youtube. Повеќе ми смета да плаќаме месечна членарина отколку да слушнам по некоја реклама меѓу песните.

Скапо хоби: Нашите хобија се едноставни и економични – книги, плетење, трчање, филмови, подкаст...

Take away кафе, доставен оброк или вечера во ресторан: Во нашите 14 години во Осло имаме нарачано 4 пати достава на оброк, а треба баш да е некој повод за да отидеме на вечера во ресторан.

Не постојат пари на овој свет кои не можат да се потрошат. Ама секое трошење е избор.

Ние не се откажуваме од животот за да патуваме. Ама се откажуваме од некои работи што не ни се важни и поради тоа можеме да патуваме често и на далечни дестинации.

„Некој ќе помисли дека претеруваме и сме екстремни, а друг ќе рече дека ова е сосема логично и дека измислувам "топла вода"!

Но поентата не е да убедиме некого да живее поинаку. Поентата е да покажеме како навидум малите секојдневни трошоци, кога ќе се соберат со текот на времето, можат да се претворат во авионски билети, нови искуства и незаборавни семејни спомени. ✈️🌍

Ние не се откажуваме од работи затоа што мораме. Избираме на што сакаме да ги потрошиме нашите пари и време. ❤️“ – стои во описот на постот.

Авантуристичкото семејство и во друга објава ги објасни условите кои ги избира за патувањето да биде поекономично.

Tags
Семејство на пат

Најнови

  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • „Немаме кола, ќерките носат облека од братучеди“: Македонци кои живеат во Норвешка откриваат како штедат за да патуваат 9 месеци

    Fri, 06/12/2026 - 12:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.