• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Не ѝ веруваа дека го сака затоа што е во инвалидска количка, сега е бремена: Хана и Шејн ќе станат родители

10 септември 2026, 08:30
  • cподели
Squirmy and Grubs

Со години мораа да им докажуваат на непознати луѓе дека нивната љубов е вистинска. Ја прашуваа Хана како може да биде вљубена во маж во инвалидска количка, претпоставуваа дека му е негувателка, а не сопруга и ја обвинуваа дека нивната врска е само шоу за социјалните мрежи.

Но, Хана и Шејн Бурко ги потиснаа сите тие негативности со радосна вест со која отвораат сосема ново поглавје од својата неконвенционална љубовна приказна. Имено, двојката со огромна база на следбеници го очекува своето прво дете.

Парот, познат на социјалните мрежи како Squirmy and Grubs, објави дека Хана е во 20-тата недела од бременоста и дека нивното бебе треба да пристигне во јануари.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека го очекуваме нашето прво дете во јануари! Хана е во 20-тата недела од бременоста и иако досега максимално уживавме во овој посебен период во приватност, ни недостигаше да ја споделуваме радоста со вас. А имаме толку многу за споделување“ – порачаа тие.

Squirmy and Grubs
Squirmy and Grubs

Веста за бременоста има уште поголемо значење ако се знае низ што сè поминале двајцата. Шејн живее со спинална мускулна атрофија и користи инвалидска количка, а откако започнаа јавно да зборуваат за својата врска, тој и Хана постојано се соочуваа со предрасуди. Поради видливата разлика меѓу нивните физички способности, многумина претпоставуваа дека Хана е негова негувателка или пријателка, наместо негова партнерка.

Токму затоа, двајцата преку своите видеа отворено зборуваат за љубовта, интимноста, бракот и секојдневието, обидувајќи се да ги урнат стереотипите за врските во кои едниот партнер има попреченост.

Squirmy and Grubs
Squirmy and Grubs

Хана и Шејн стапија во брак во септември 2020 година, а неколку години подоцна ја  започнаа битката да станат родители. Во март 2023 година споделија дека започнуваат со ин витро оплодување, но набрзо открија дека кај Шејн не се пронајдени одржливи сперматозоиди.

Squirmy and Grubs

По неуспешните обиди, направија долга пауза, а во јануари годинава открија дека повторно решиле да се обидат да добијат дете. Сега, нивната желба се оствари.

Сепак, Хана и Шејн не заборавија колку болна може да биде ваква објава за луѓето кои сè уште се борат со неплодност.

„Откако со години безуспешно минувавме низ ин витро, премногу добро ги разбираме тешкотиите со кои се соочуваат многу луѓе додека се обидуваат да зачнат, како и чувството кога гледаат вакви објави. Нашите срца се со вас“ – порачаа тие.

Squirmy and Grubs
Squirmy and Grubs

@squirmyandgrubs

SHE’S MY WIFE!

♬ Ah ah ah - kriptozavr

По години во кои нивната љубов беше ставана под лупа, а потоа и години исполнети со разочарувања во обидот да станат родители, Хана и Шејн сега се подготвуваат во јануари за првпат да станат мајка и татко.

Tags
Squirmy and Grubs

Најнови

  • Squirmy and Grubs

    Не ѝ веруваа дека го сака затоа што е во инвалидска количка, сега е бремена: Хана и Шејн ќе станат родители

    Thu, 09/10/2026 - 08:30
  • До 99 денари, а ќе ви се најдат секој ден: 5 производи од dm што заслужуваат внимание, a имаат германски квалитет

    Wed, 09/09/2026 - 20:15
  • „Насмевката кажува сè“: 13-годишно девојче со Даунов синдром и алопеција кое не зборува се радува кога ќе добие нова перика

    Wed, 09/09/2026 - 15:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.