„Не беше заљубен во Силвана“: Сопругата на Тома Здравковиќ по 35 години откри во која жена бил лудо вљубен тој
35 години по смртта на Тома Здравковиќ, неговата сопруга Гордана се присети на животот со него и за јавноста откри детали за кои со години се шпекулираше.
Вдовицата на Тома зборуваше за една од најпознатите приказни поврзани со Тома, а тоа е неговиот однос со легендарната пејачка Силвана Арменулиќ. Поради нивната блискост, со децении се зборуваше дека меѓу нив постоела љубовна врска.
Сепак, Гордана тврди дека вистината била поинаква.
„Сите ме прашуваат дали Тома бил заљубен во Силвана и што било меѓу нив. Тома никогаш не бил заљубен во Силвана, но многу ја сакал и ја почитувал. Му била најдобра пријателка, пријател во животот“.
„Тома всушност бил многу заљубен во сестрата на Силвана, Мирјана. Силвана многу сакала Тома да се ожени со Мирјана, но таа се омажила за боксер и тука завршила таа приказна“ – раскажа таа.
Според неа, Тома бил човек кој силно ги доживувал емоциите и често токму љубовта и животните случувања биле инспирација за неговата музика.
Гордана зборуваше и за најтешкиот период од животот на Тома – неговите последни денови во болница. Откри дека тој до самиот крај се надевал дека ќе оздрави и често ја прашувал дали ќе се опорави.
„Тој секогаш ме прашуваше: ‘Што мислиш, ќе оздравам ли?’. Јас велев: ‘Не сум Бог’. Не знаев како да му одговорам, а ја знаев вистината“ – сподели Гордана.
Најмногу го загрижувала иднината на неговиот син Саша. Во последните денови, Тома ѝ упатил и посебна молба на сопругата.
„Те молам, кога ќе умрам, земи го ова дете и само оди одовде. Не сакам тоа дете да доживее војна. Те молам, врати се во Торонто“.
„Не жалам за ништо што сум доживеал во животот. Единствено ми е жал што нема да дочекам Саша да порасне“ – раскажа Гордана за зборовите на сопругот.
Тома и Гордана се запознале во Торонто кон крајот на 1974 година, каде таа живеела и работела. На почетокот меѓу нив се родило пријателство, а само неколку месеци подоцна, Тома ѝ предложил брак.
Венчавката била скромна и без голема прослава, а заедно останале 18 години, сè до неговата смрт во 1991 година.