Натали Грубовиќ магистрираше на Економскиот факултет во Скопје, сподели фотографии од моментот
Натали Грубовиќ се пофали со нов академски успех.
Атрактивната поранешна водителка на „Супер Бинго“ магистрираше на Економскиот факултет во Скопје, а на Instagram Stories сподели фотографии од моментот кога се стекна со новата академска титула.
Веста ја сподели Ленче Карпузовска, менаџерка за комуникации во ЕВН, која не го криеше задоволството од успехот на Натали.
„Магистрираше! Се гордеам со тебе Натали“ – напиша таа на фотографиите.
Иако одамна не е дел од телевизиската сцена во Македонија, Натали повремено привлекува внимание кај јавноста со своите објави.
Поранешната водителка од 2016 година е во брак со српскиот бизнисмен Дрен Глушац, со кого ја има ќерката Натали. Мајката и ќерката го делат истото име, а семејството живее во Нови Сад.