„Најубавиот магнет од секое патување е нова перспектива“: Јелена Спенџарска ужива во Бодрум
Јелена Спенџарска ги користи последните летни денови на одмор во Турција.
Македонската водителка сподели фото-албум од летувањето во Бодрум и покажа како ги полни батериите пред новите работни ангажмани.
На фотографиите, Јелена ужива во огромен ресорт, плови со брод, танцува на вечерни забави... Во описот за нив стои:
Најубавиот магнет од секое патување е нова перспектива!!
Just wow! Колку ме погоди оваа реченица. Нова перспектива, ново разбирање на светот, нов поглед на она што е НОРМАЛНО или ПРАВИЛНО, нова верзија од себе за која не си знаела дека постои во твојата домашна зона, нова страст за животот, нова енергија и нова сила да се она што следува понатаму.
Спенџарска позираше во неколку костими за капење, кои ја истакнуваат нејзината одлична фигура. На социјалните мрежи, таа често споделува дека е посветена на броењето калории и дека внимава што јаде, а исто така и трча и вежба во теретана.