Му запеа на бившиот пред сите, тој ѝ покажа срце: Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ги збунија фановите
Најновите снимки од Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ разгорија гласини за нивно помирување.
Откако тој раскина со девојката Нора, присуствуваше на роденденот на Карлеуша и проследи нејзин настап во клуб во живо, заедно со двете ќерки.
На настапот, Јелена ја изведе баладата „Tihi ubica“ која му ја посвети, а додека настапуваше тој ѝ покажа срце со рацете.
„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката. Баш ми е жал!“ – рекла Карлеуша.
По гласините, славната пејачка изјави дека не ја обновиле романсата и призна дека се обидуваат да одржуваат добри односи поради децата.
„Душко и јас сме во добри односи поради децата. Наскоро ни се наближува многу важен момент за секој родител, а тоа се 18-тиот роденден на нашата Атина и 17-тиот роденден на нашата Ника. Сето тоа е поради децата, кои заслужуваат нивните родители да бидат во добри односи. Тоа е сè и ништо повеќе од тоа. Не се муваме“ – јасно истакна Јелена.
На роденденот на Јелена, Душко седи веднаш до неа.
Српската музичка ѕвезда и поранешниот фудбалер ја започнаа врската во 2006 година, а две години подоцна, ја крунисаа љубовта со брак. Тие се венчаа на 28 јуни 2008 година во Белград и заедно имаат две ќерки, Атина и Ника.
Во септември 2024 година, по 16 години брак, Јелена потврди дека потпишала спогодбен развод со Душко. И тој се огласи по разводот, нагласувајќи дека договорот бил направен во интерес на нивните деца.