• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Моќни и успешни македонски дами блескаат со стил и интегритет во инспиративна кампања на Chapter 03

19 март 2026, 18:00
  • cподели
Кампања на Chapter 03

Истакнати дами со моќна појава и ненаметлив авторитет го ткаат најновото поглавје на Chapter 03.

Надминувајќи ги контурите на класичната презентација на актуелните колекции накит, брендот создаде ексклузивна модна приказна со жени кои се синоним за успех во најразлични сфери како медицина, фармација, балет, мода, маркетинг и активизам.

Секоја од нив е вистинско олицетворение на современата, реализирана хероина чија природна харизма бескомпромисно плени додека со стил ги диктира сопствените правила.

За да се врами нивната суштина, креативното кормило му беше доверено на нашиот најистакнат естет и моден критичар, Сергеј Варошлија. Со своето непогрешливо чувство за стилска перфекција, на внимателно селектираните парчиња накит тој им вдахна улога на личен потпис, маестрално втиснат во персоналниот стил на секоја протагонистка.

Ве запознаваме со музите низ призмата на Chapter 03:

Сања Николиќ Маринковиќ

Во 2000 година таа ја освои титулата Мис на Македонија, со што стана едно од најпрепознатливите лица на македонската модна сцена пленејќи со својата природна грациозност, умереност и префинет вкус.

Денес Сања Николиќ Маринковиќ својата професионална енергија ја насочува кон маркетинг секторот, градејќи профил на жена која го спојува визуелното чувство за естетика со стратегиско и современо професионално размислување.

За својата убавина низ годините има добиено бројни признанија, а ние денес јавно ѝ оддаваме признание за она што ја прави навистина посебна: убавината на нејзината душа.

Сања Николиќ Маринковиќ
Сања Николиќ Маринковиќ

Д-р Анџелка Илиева со ќерката Бисера

Д-р Анџелка Илиева е специјалист дерматолог препознатлива по својот професионален и научно ориентиран пристап во дерматологијата, дерматохирургијата и естетската медицина. Нејзината работа се темели на континуирано стручно усовршување во повеќе европски медицински центри, со фокус на примена на современи медицински стандарди и врвен професионализам во третманот на пациентите.

Свесна за значењето на убавината – и однатре и однадвор – таа својата експертиза ја практикува во Центарот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника, каде што пристапот кон секој пациент е индивидуален и базиран на најсовремени медицински методи.

Д-р Илиева е и посветена мајка на Јована и Бисера, која плени со својот талент за музика, танц и моделство ❤️

Анџелка Илиева со ќерката Бисера
Анџелка Илиева

Ели Пешева

Сите ние имаме битки што ги споделуваме со други или сами одиме низ нив

Ели Пешева е директор за комуникации во една од најуспешните македонски агенции „Њу момент“, препознатлива и како гласна еко-активистка и гласноговорник за позитивни општествени промени преку иницијативата „О2“.

Нејзината професионалност, општествен ангажман и јасен став ја позиционираат како пример за современа жена која инспирира со дела, а не само со зборови.
 

Ели Пешева

Александра Мијалкова

Александра Мијалкова е примабалерина, педагог-репетитор по класичен балет и магистер по педагошки науки. Работи како професор на Балетската академија при Факултетот за музичка уметност. Таа е едно од највпечатливите имиња на македонскиот балет, препознатлива по својата уметничка префинетост, раскошен талент, беспрекорен уметнички израз и сценско присуство што ја издигнува балетската уметност како врвна форма на изразување.

Балерината се раѓа, но примабалерина се станува по безброј часови вежбање и години напорна работа. Улогата на Црниот лебед, која важи за една од најтешките класични партии, Мијалкова ја одиграла на само 21 година.

Во текот на својата кариера има одиграно бројни улоги, но за нас, со особен пиетет ја издвојуваме онаа на Сандра – секогаш грациозна и насмеана, стилски префинета и автентична; жена која со истата елеганција зрачи и на сцената и надвор од неа, каде и да ја сретнете по некоја случајност.

Драга Сандра, продолжи да инспирираш!

Александра Мијалкова
Александра Мијалкова

Кики Мукаетова

Кога првпат се појави на нашите канали, имаше само девет години. Денес, на свои 17, Кики Мукаетова води сопствена авторска емисија, го издаде својот прв сингл и веќе има нови проекти во подготовка. 
За себе, знае да каже дека е само обична средношколка со огромна љубов кон сценските уметности, а зад сцената и камерите, зад сите професионални достигнувања, стои девојка која внимателно и свесно го гради својот карактер. 

Нејзината приказна не е само приказна за рано откриен талент. Таа е приказна за емотивна интелигенција, за храброста и за изборот да остане човечна во сè што прави. Во време во кое сите сакаат инстантен успех и гласна присутност, Кики избира автентичност, вредности и посветена работа.

Во време кога младите сè почесто се третираат како пасивни набљудувачи, Кики Мукаетова упорно го гради спротивниот наратив – младите како активни учесници, мислители и креатори на промени.

Кики, продолжи да блескаш 💖💫🫶🏼

Кики Мукаетова
Кики Мукаетова
Кики Мукаетова и Сања Николиќ

Симона Симоновска

Симона Симоновска е на чело на маркетинг тимот на Витаминка, компанија што многумина ја препознаваат по вкусот, но малкумина по луѓето што ја движат напред.

Таа ја носи новата енергија во менаџментот, со свежа визија, современ пристап и јасен фокус на развој и модернизација на брендот.

Симона не ја продолжува традицијата само како наследство, туку како одлука. Одлука да се гради, да се унапредува и да се остави личен печат.

Со достоинство, храброст и амбиција, активно учествува во создавањето на иднината на компанијата, своја, силна и автентична.

Зад лидерството и визијата што Симона ја носи во Витаминка, стои и една тивка, но моќна сила - семејството. Покрај тоа што е на чело на маркетинг тимот и активно учествува во градењето на иднината на брендот, Симона Симоновска е и сопруга и посветена мајка на Софија, Ѓорги и Јана.
Тие се нејзината најголема инспирација и радост во секојдневието, причината зошто секој успех има уште подлабоко значење, а секој предизвик се претвора во мотив.

Со истата посветеност со која создава и води, таа дома гради љубов, стабилност и вредности што остануваат.

Симона покажува дека вистинската сила е во балансот, да водиш со срце, да создаваш со визија и да останеш своја — во секоја улога.❤️
 

Симона Симоновска

Јована Филиповиќ со синчето Нео

Како една од најпрепознатливите македонски модни дизајнерки, со своите успешни колекции и беспрекорна посветеност на квалитетот, Јована Филиповиќ создава парчиња од префинети и внимателно одбрани материјали.

Нејзиниот дизајн е спој на современа естетика и врвна изработка, создаден за жена со став.

Јована Филиповиќ

Маја и Калина Стефкови

Умешноста на селектирање и креирање нови формулации за брендот „Good Nature“ е дел од нејзиното секојдневие, во кое несебично ги вложува своето знаење, искуство и експертиза. Нејзината љубов кон фитофармацијата започнува уште во студентските денови и веќе 25 години е дел од нејзината професионална приказна во „Алкалоид“. Во таа приказна, м-р Маја Стефкова има поставено високи критериуми и стандарди што постојано ја мотивираат кон нови достигнувања.

Нејзиниот стил е токму таков – природен и избалансиран, надополнет со внимателно одбрани аксесоари што суптилно ја истакнуваат нејзината префинета елеганција.

Калина Стефкова е студентка по медицина, љубопитна за науката и посветена на идејата дека знаењето и емпатијата можат да го променат светот. Таа верува во силата на младите жени да создаваат промени и да освојуваат нови хоризонти, а знае да биде и потпора и спокој во денови кога светот трча пребрзо.

Маја и Калина се дел од нашата приказна уште од самите почетоци. Им благодариме за довербата и за тоа што ја споделуваат својата успешна приказна со нас.❤️

Маја и Калина Стефкови

Проф. д-р Македонка Радуловиќ

Проф. д-р Македонка Радуловиќ е редовна професорка на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа предава и истражува теми поврзани со семејството, промените и предизвиците со кои се соочуваат современите семејства, како и семејната и брачната едукација. Авторка е на бројни научноистражувачки трудови од оваа област, како и на неколку книги посветени на семејството. 

Македонка е и национална координаторка на европската мрежа за семејна поддршка. Студентите ја доживуваат како ментор и личност со која можат отворено да разговараат и да дискутираат за чувствителни и често табу-теми. Нејзините главни истражувачки интереси се семејството, социјалната политика, родовата еднаквост и здравјето.

Каде и да се појави, таа плени со својот беспрекорен стил – модерна, префинета и совршено избалансирана елеганција, вистински пример за филозофијата дека „помалку е повеќе“.

Македонка е мајка на Марко, Ева и Ана❤️

Проф. д-р Македонка Радуловиќ
Проф. д-р Македонка Радуловиќ

Милиана и Мила Мијалкова: Силата секогаш лежи во балансот

Милиана Мијалкова, некогаш дел од банкарскиот сектор, ја претвори прецизноста и пресметаноста во свој професионален потпис, само во малку поинаков контекст. Денес, во својот специјализиран клуб за Reformer Pilates, таа ја гради истата филозофија: резултатите не се случајност, туку производ на јасна стратегија и доследност. Секој тренинг е внимателно осмислен, секоја програма поставена со јасна цел, а секој резултат е плод на стратегија, а не на случајност. 

Кај неа, стилот никогаш не бил само естетика. Милиана е доказ дека убавината секогаш е во деталите, а силата во балансот.

Мила Мијалкова е студентка по економија на IE University во Мадрид, со фокус на меѓународна трговија и стратегија. Активно учествува во лидерски и волонтерски иницијативи, комбинирајќи аналитичка прецизност, стратешко размислување и вештини за јавно говорење, со амбиција за кариера во глобалниот бизнис и економија. Мила беше една од нашите први моделки со кои работевме едиторијали во 2019 година.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна ❤️
 

Милиана и Мила Мијалкови
Милиана и Мила Мијалкови
Милиана и Мила Мијалкови
Tags
Chapter.03

Најнови

  • Пушење

    Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

    Thu, 03/19/2026 - 19:01
  • Chapter 03

    Моќни и успешни македонски дами блескаат со стил и интегритет во инспиративна кампања на Chapter 03

    Thu, 03/19/2026 - 18:00
  • Родена со деформитети поради Чернобил, малтретирана во сиропиталиште... Која е шампионката која доминира на Параолимпијадата?

    Thu, 03/19/2026 - 14:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.