Емина Јаховиќ зрачи со гордост. Откако пред една недела се радуваше на матурата на поголемиот син Јаман, сега ја прослави полуматурата на помалиот син Јавуз.
На социјалните мрежи, српската пејачка сподели фотографии од големата прослава и од неговото подигнување на дипломата по завршувањето на образованието во основно училиште во Турција.
„Мојот мал крал“ – напиша таа на фотографии од прославата, на кои блескаше во розова креација.
„Честито дипломирање, љубов моја. Денес славиш важна пресвртница, а јас го славам неверојатното момче што си. Најдоброто дури доаѓа. Толку сум горда на тебе Јавуз“ – напиша Емина на постот за подигнувањето на дипломите. За оваа пригода, таа носеше бел фустан.
На оваа церемонија присуствуваше и таткото на Јавуз, Мустафа Сандал.
Емина и Мустафа објавија дека се разведуваат во 2018 година. Тие беа во брак 10 години.