• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Модната библија „Вог“ за Охрид: „Потполно совршен град исполнет со шармот на Стариот свет“

19 декември 2016, 21:35
  • cподели

Пред само два месеци, списанието „Вог“ ја претстави Македонија како гурманска дестинација која секој треба да ја посети. Сега, пофалбите се сконцентрирани на Охрид.

Модната библија го стави Охрид на првото место меѓу шесте „нетуристички“ балкански дестинации кои треба да бидат на врвот на листите за патување во 2017 година.

Охрид

„Локални жители се шетаат по калдрмата, кајчиња пловат по разбрануваните води, а хор има проба на скалилата на црквата Св. Софија додека паѓа самрак. Добредојдовте во Охрид, Македонија, потполно совршен град исполнет со шармот на Стариот свет, лоциран на брегот на брилијантното Охридско Езеро“ – пишува во текстот во кој се посочени и неколку хотели, ресторани и барови за кои вреди да издвоите пари.

Листата ги вклучува и Призрен (Косово), Трансилванија (Романија), Химара (Албанија) и регионот Херцеговина (Босна и Херцеговина).

Во текстот се намекнува дека овие се сметаат за „нетуристички“ дестинации, бидејќи повеќето од светските патници се одлучуваат за попопуларни дестинации како Хрватска и Црна Гора.

Охрид е и петти најдобар град во светот за 2017 година според Lonely Planet.

Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид
Tags
Охрид
Македонија
Вог
Vogue

Најнови

  • „Даниел и Филип се нашите херои“: Двајца битолчани спасија куче заглавено во реката Драгор

    Tue, 04/21/2026 - 21:45
  • Ѓаволот носи Прада 2

    Екстравагантна мода на црвениот тепих на светската премиера на „The Devil Wears Prada 2“

    Tue, 04/21/2026 - 14:06
  • „Изгледам подобро со здрава коса која е бела“: Салма Хајек во гламурозно издание со природна седа коса на свеченост

    Tue, 04/21/2026 - 13:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.