Без модни изненадувања и возбудливи комбинации помина парадата на црвениот тепих на доделувањето на Американските музички награди (AMA).
За време на манифестацијата, Тејлор Свифт прими четири награди, меѓу кои и Изведувач на годината и Омилен женски изведувач. Со тоа, 28-годишната пејачка го сруши рекордот и стана женски изведувач со најголем број на AMA статуетки.
Камила Кабејо беше прогласена за Најдобар нов изведувач, а со „Havana“ ги освои наградите за Најдобра соработка, Омилена поп/рок песна, Омилено музичко видео.
Карди Би, која се појави во волуменозна креација од Долче и Габана, победи во категоријата Омилен изведувач на рап/хип-хоп.
Погледнете како изгледаа гостинките на црвениот тепих и оценете го нивниот стил:



























