• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Мислев дека е акна“: Клои Кардашијан ги покажа лузните од отстранувањето на ракот на кожата

21 септември 2023, 07:44
  • cподели

Клои Кардашијан продолжува да го споделува своето искуство со ракот на кожата. Таа е благодарна што докторите и козметичарите успеале да ѝ го вратат нормалниот изглед по операцијата на образот.

39-годишната риалити ѕвезда од шоуто „The Kardashians“ сподели дека речиси една година мислела дека точката која ја имала на лицето e акна. Подоцна, се покажало дека таа има меланом, најсериозна форма на рак на кожата.

„Речиси една година мислев дека оваа мала точка е акна. Се покажа дека е меланом“ – напиша Клои.

Клои Кардашијан

Таа објави нови фотографии од раната долга 4 сантиметри на лицето од хируршката интервенција и од вдлабнатината која ѝ останала на образот.

„Не дека ми треба стрелка за да ја покажам огромната вдлабнатина на едната страна од моето лице. Бидејќи мораа да ми отстранат тумор од образот, ми остана вдлабнатина. Дефинитивно не се жалам, бидејќи попрво би имала вдлабнатина одошто меланом. Неверојатно сум им благодарна на докторите кои ми помогнаа и продолжуваат ми помагаат на ова патување со рак на кожата“ – напиша таа.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан

Клои ги охрабрува своите обожаватели да одат на дерматолог за проверка на кожата еднаш годишно.

„Никогаш не помислував дека оваа мала точка ќе се претвори во рак на кожата и не можам да си замислам што можеше да се случи ако не отидев на доктор за да ме провери. Многу е важно да обрнуваме внимание на нашата кожа и на промените на кожата и телото, без разлика колку се мали. Не постои такво нешто како преголема претпазливост. Ти си твоја одговорност. Грижи се за себе“ – советува таа.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан

Клои дознала дека има меланом во октомври минатата година.

„Пред неколку месеци, ми отстранија тумор од лицето. Откако забележав мало топче на лицето и претпоставував дека е нешто незначително како акна, одлучив да направам биопсија 7 месеци откако сфатив дека не се менува“ – напиша таа пред неколку месеци.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан

Клои има предиспозиции за развивање на рак на кожата. Таа имала операција за отстранување на меланом на грбот уште на 19-годишна возраст.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан
Tags
Клои Кардашијан

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.