• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Минијатурно бебенце родено тешко колку лименка преживеа: „Секое чукање на срцето беше триумф“

13 февруари 2026, 13:00
  • cподели

Некои бебиња ја водат тешката битка за својот живот уште од првиот здив.

Есенс Пинкни се роди тешка колку една лименка, но по 153 дена борба конечно ја напушти болницата и си замина дома кај своите родители.

Нејзината мајка Мија и таткото Руфус го избраа датумот од терминот на кој требало да се роди Есенс како датум за нивната свадба следната година.

Мија била во 22-рата недела од бременоста кога докторот открил дека нејзиното бебе е со многу ниска тежина поради состојба која го ограничувала протокот на крв и кислород преку папочната врвца. Во 24-та недела, состојбата на 21-годишната трудница се влошила поради прееклампсија и лекарскиот тим морал итно да изврши царски рез.

Есенс тежела само 342 грама кога се родила и се соочила со низа компликации. 

„Речиси и да не изгледаше реално. Никогаш дотогаш немав видено толку мало бебе. Ни не знаев дека бебе со таква големина може да преживее. Беше шокантно и страшно. Не дишеше самостојно, но ги движеше прстенцата, клоцаше со нозете, правеше работи кои ме воодушевуваа за некој толку мал“ – рекла мајката.

За среќа, секој ден носел по една мала победа.

„Секој ден носеше нови предизвици и неизвесни исходи. Секоја процедура која требаше да ја направиме бараше специјализирани инструменти кои можеа да се приспособат на нејзините кревки вени, артерии и дишни патишта. Нејзината кожа беше тенка како хартија, а телото неверојатно кревко. Секое чукање на срцето беше триумф, секој грам кој ќе го добиеше беше победа“ – рекол неонатологот д-р Мохсен Фаргали кој се грижел за Есенс во болницата.

Мајката Мија првпат добила шанса да ја земе ќеркичката во прегратка пет недели по нејзиното раѓање. Таа и нејзиниот сопруг постојано се менувале практикувајќи контакт кожа на кожа за да ги стабилизираат пулсот и телесната температура на Есенс.

„Првото нешто кое го почувствував беше нејзиното малечко срце и нејзиното дишење на моите гради. Беше нереално“ – рекла мајката.

Родителите биле пресреќни кога конечно можеле да ја одведат дома ќеркичката без жици и цевки поврзани за нејзиното мало тело. Тогаш таа тежела 2 килограми.

„Нејзината приказна е пример за надеж и извонредна тимска работа. Не станува збор само за медицинските професионалци, туку и за нејзиното семејство кое ги надмина сите предизвици. Бебињата како Есенс нѐ потсетуваат колку напреднала неонаталната интензивна нега и колку храброст и издржливост носат овие мали бебиња“ – рекол доктор Фаргали.

Денес Есенс е бебе кое одлично напредува, гуга, се смее и започнува да го покажува својот силен карактер.

„Не постои подобро чувство од тоа да си мајка“ – вели Мија.

Tags
минијатурно бебе

Најнови

  • Филип Кузмановски и Моника Игнова

    „Неговата упорност ми стана сигурност, а неговото присуство – мир“: Моника за љубовта со ракометарот Филип Кузмановски

    Fri, 02/13/2026 - 14:00
  • Минијатурно бебенце родено тешко колку лименка преживеа: „Секое чукање на срцето беше триумф“

    Fri, 02/13/2026 - 13:00
  • „Не ти стои“ – спотот за првиот соло сингл на Јован Јованов по 17 години

    Fri, 02/13/2026 - 11:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.