Мина Блажев пред неколку дена му кажа „ДА“ на својот сакан партнер.
Изминатиов викенд, младата македонска пејачка и нејзиниот избраник прославија за веридбата со најблиските.
На забавата, Мина носеше краток бел фустан и пресреќна го покажуваше вереничкиот прстен на фотографиите.
Убавата вест за свршувачката Блажев ја сподели на Instagram на 13 септември, кога за првпат го покажа прстенот. Таа досега нема јавно споделено кој е нејзиниот партнер со кого ќе стапи во брак.