• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози се разведуваат по 5 години брачен живот

14 мај 2020, 07:29
  • cподели

Судски документи потврдија дека Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози ставаат крај на 5-годишниот брак.

33-годишната поранешна актерка и успешна дизајнерка што поскоро сака да се разведе од 50-годишниот полубрат на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози

Медиумот TMZ, кој стигна до документите за развод, тврди дека Олсен добила известување од адвокатот на Саркози до 18 мај да се исели од станот кој го изнајмувале, но таа бара продолжување на рокот до крајот на месецот, поради карантинот во Њујорк. Бидејќи Саркози не одговорил на нејзиното барање, таа и официјално покренала постапка за развод.

Мери-Кејт потпишала документи за развод уште минатиот месец, но поради коронавирусот ѝ било кажано дека судот ги прифаќа само итните случаи. Сега таа бара судот без одложување да ѝ дозволи да се разведе, а исто така, да биде испочитуван нејзиниот предбрачен договор со францускиот банкар.

Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози

Мери-Кејт и Оливие стапија во брак во 2015 година. Ова беше прв брак за неа, а втор за Саркози кој има две деца од бракот со Шарлот Бернард.

Мери-Кејт Олсен и Оливие СаркозиМери-Кејт Олсен и Оливие Саркози со неговата ќерка од првиот брак Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози

Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли се прославија со серијата „Full House“, но сега се посветени на модата и имаат два бренда The Row и Elizabeth and James.

Мери-Кејт и Ешли ОлсенМери-Кејт и Ешли Олсен
Tags
Мери-Кејт Олсен
Оливие Саркози

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.