• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Марта Лазарова го покажа стомачето пред да влезе во 9-тиот месец од бременоста, Стефан ја пофали дека прави сè

10 септември 2026, 09:05
  • cподели

Стефан и Марта Лазарови наскоро ќе станат родители.

Додека со нетрпение го очекуваат доаѓањето на овој свет на нивното прво детенце, македонскиот пар се подготвува и да се всели во новиот стан.

На социјалните мрежи, популарниот водител и неговата избраничка споделија фотографија од нејзиното трудничко стомаче една седмица пред да влезе во деветтиот месец од бременоста.

На фотографијата, Марта е облечена во црно и го гали пораснатото стомаче.

Потоа, Стефан објави и видео во кое ја фали Марта дека прави сè, иако веќе се ближи кон терминот за породување.

„Сите да ѝ пишете на Марта аплауз. Значи влегува во деветти месец, готви, чисти, се шета, работи, функционира. Е за тоа да ѝ пишете. Значи сè прави најнормално. И нè пресели деновиве, во процес сме, ама додека јас снимам и работам, и тоа го прави. Абе алал да ти е сестро. Секоја чест. Браво за Марта“ – вели Стефан во видеото.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Во интервју за Фемина, Марта зборуваше за бременоста и за мајчинството.

„Мајчинството за мене е нешто што сѐ уште не можам целосно да го замислам додека не го почувствувам. Мислам дека е една од најголемите промени во животот, но истовремено и една од најубавите. Едвај чекам да го запознаам Лука и да се запознаам себеси во таа нова улога со сите убави моменти, предизвици и лекции што ги носи.“

„Гледајќи го Стефан уште отсега колку е грижлив, возбуден и среќен, знам дека ќе биде најдобар татко на нашето дете. Сигурна сум дека едвај чека и да менува пелени, да го бања, заспива, да си игра со него и да дава сѐ од себе. Сигурна сум дека ќе биде посветен и грижлив татко“ - ни изјави Марта.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marta✨ (@__qmarr__)

Tags
Марта Лазарова
Стефан Лазаров

Најнови

  • Марта Лазарова го покажа стомачето пред да влезе во 9-тиот месец од бременоста, Стефан ја пофали дека прави сè

    Thu, 09/10/2026 - 09:05
  • Squirmy and Grubs

    Не ѝ веруваа дека го сака затоа што е во инвалидска количка, сега е бремена: Хана и Шејн ќе станат родители

    Thu, 09/10/2026 - 08:30
  • До 99 денари, а ќе ви се најдат секој ден: 5 производи од dm што заслужуваат внимание, a имаат германски квалитет

    Wed, 09/09/2026 - 20:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.