• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мал борец: Запознајте го најмалото бебе на светот, родено со тежина од само 229 грама

9 септември 2016, 10:29
  • cподели

Кога малата Емилија Грабарчик пристигнала на овој свет, тежела само 229 грама и била долга 22 сантиметри.

И покрај тоа што шансите да преживее биле екстремно мали, Емилија се изборила за живот. Докторите ја нарекоа „мал борец“, а нејзиното преживување го нарекоа „медицинска сензација“.

Емилија Грабарчик Емилија Грабарчик

Сега, девет месеци по раѓањето, Емилија е со нормална тежина и конечно нејзините родители ја однесоа дома.

Емилија се роди во Витен, Германија, во 26-тата недела од бременоста. Нејзините родители Лукас и Сабин, заедно со докторите, одлучиле малото девојче да биде родено предвреме со царски рез. Доколку не го стореле тоа, постоел огромен ризик бебенцето да умре во утробата, бидејќи плацентата не го снабдувала со доволно хранливи материи.

„Имаше многу тешки денови и многу солзи, но таа очигледно сакаше да преживее“ – изјавила мајката.

Благодарение на медицинскиот тим, минијатурното новороденче ги надминало сите пречки, меѓу кои и операција на стомакот. Сега Емилија тежи 3,3 килограми. За среќа, докторите велат дека бебето се развива добро и дека нема посериозни последици од предвременото раѓање.

Емилија Грабарчик
Tags
мал борец

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.