Македонската убавица блесна во сина креација на Мис на светот и покрај малата незгода на пистата
Ева Величковска остави впечаток на пистата во рамки на „Top Model Challenge“ на Мис на светот, појавувајќи се во гламурозна сина креација со наметка.
Иако во еден момент се засопна од фустанот, македонската претставничка не дозволи малата незгода да ѝ го наруши настапот. Со насмевка и самодоверба продолжи да дефилира по пистата и покажа вистински професионализам.
Долгиот син фустан со елегантен крој и впечатлива силуета придонесоа таа да изгледа грациозно на сцената.