• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Македонската приказна која стигна до Холивуд: Тамара Котевска во креација инспирирана од филмот „Приказната за Силјан“ на Еми наградите

10 септември 2026, 15:36
  • cподели

Тамара Котевска нижи сè повеќе и повеќе успеси во својата кариера.

За новиот филм „Приказната за Силјан“, македонската режисерка беше номинирана во две категории на Еми наградите.

Затоа, таа не го пропушти доделувањето на престижните статуетки кое се одржа во Лос Анџелес. На црвениот тепих, Тамара пристигна во црна креација инспирирана од штрк.

Фустанот е дело на дизајнерката Тања Кокев и нејзината ќерка Клара.

„Огромно благодарам до Тања и Клара Кокев за оваа инспирација на фустан од мојот филм. Уште една прекрасна соработка позади нас и уште многу пред нас“ – напиша Котевска.

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ беше номиниран за Special Merit in Documentary Filmmaking, категорија во која се вреднуваат документарци со особена авторска и општествена тежина, како и за Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program, признание насочено кон визуелниот квалитет на документарната продукција.

За филм кој својата приказна ја гради далеку од холивудските студија, самата номинација претставува исклучителен успех. „Приказната за Силјан“ се најде рамо до рамо со американски продукции и успеа да привлече внимание кон една стара приказна создадена во Македонија.

Иако оваа година филмот не ја освои статуетката, патувањето до Еми сцената е успех кој останува.

„Да се имаат две номинации за наградите „Еми“ е еден од најзначајните моменти во мојата кариера и вистинска потврда за вредноста на мојот филм „Приказната за Силјан“.

Номинацијата за кинематографија и номинацијата за Special Merit, за креативната вредност и општественото влијание на нашиот филм, се огромно признание за целата екипа.

Искуството на церемонијата беше спектакуларно – момент кој ќе остане за паметење.

Самите номинации, како и можноста да бидеме таму, за мене претставуваат победа сама по себе.

Особено затоа што овој успех го споделивме со тим кој е вистинска сила сам по себе.

За уште многу вакви моменти!“ – напиша Котевска.

Tags
Тамара Котевска
Приказната за Силјан

Најнови

  • Ниту религијата, ниту далечината не ги разделија: Љупче од Делчево ја запроси Турчинката Ајлин во лет над глечер на Алјаска

    Thu, 09/10/2026 - 22:20
  • Македонската приказна која стигна до Холивуд: Тамара Котевска во креација инспирирана од филмот „Приказната за Силјан“ на Еми наградите

    Thu, 09/10/2026 - 15:36
  • Од плач до танц: Реакција на бебенце на хитовите на Bad Bunny ќе ве насмее

    Thu, 09/10/2026 - 15:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.