• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонката Мила Рељиќ влезе во најдобрите 10 таеквондистки на светот, освои бронзен медал во Кина

11 септември 2026, 13:24
  • cподели

Милијана Мила Рељиќ е вистинска гордост за македонскиот спорт.

22-годишната спортистка влезе во најдобрите 10 таеквондистки во светот во категоријата до 62 килограми откако на септемвриското рангирање доби 27,36 поени.

Големиот успех доаѓа само неколку недели по освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во Кина, каде доби дополнителни 14,4 поени.

Меѓу 43 натпреварувачки во нејзината категорија сениори во Таијуан, најдобрата македонска таеквондистка покажа извонредна подготвеност и го зазеде високото трето место во полуфиналето каде се сретна со руската претставничка Софија Мотлок.

Зад овие бројки и големите успеси стои приказна за едно мало девојче со голем сон, кое од скромни почетоци, без сала, без идеални услови и без големи тимови зад себе, чекор по чекор стигна до најголемата светска спортска сцена.

По нејзиното учество на Олимписките Игри во Париз во 2024, Мила беше избрана за најдобра спортистка во Македонија за 2024, како и за 2025 година, од Македонскиот Олимписки Комитет.

Нејзин следен предизвик е освојување медал на Олимписките Игри во Лос Анџелес во 2028 година, за што се подготвува со тренерот Александар Ефтимов.

„Едно мало девојче со голем сон…

Од мало место, без сала, без услови, без скапи тимови и поддршка, нема скапи реквизити, нема тим од десетици луѓе до најголемата светска сцена, чекор по чекор, со срце што не знае за граници. Пред точно една година, на денешен ден, на најголемиот спортски настан Олимписките игри се случи нешто што ќе го паметиме засекогаш. Најголем спортски подвиг во Париз 2024!

Ја победивме двократната олимписката шампионка, светска шампионка и трикратна европска првенка, девојката која со години беше наш идол, наш мотив. Таа имаше зад себе армија: два кондициони тренери, нутриционисти, физиотерапевти, неколку спаринг партнери, најсовремени услови… а ние?….

И покрај сè, Мила се бореше храбро и со цело срце за себе и за својата држава. Но тоа што Мила го покажа тој ден беше повеќе од резултат: тоа беше храброст, дисциплина, борбен дух и страст што ретко се гледаат. Во втората борба, само еден поен, еден здив, еден миг не оддели од уште една голема победа. Првата рунда заврши нерешено, втората еден поен разлика.

Скромните почетоци прават најсилни борци.

ЛОС АНЏЕЛЕС 2028 Е НАШ.

Keep going 💪💪💪“ - напиша Ефтимов пред повеќе од една година за Рејлиќ, на што таа му врати „Со тренер како тебе сѐ е возможно.❤️💪💪“

Tags
Мила Рељиќ

Најнови

  • Македонката Мила Рељиќ влезе во најдобрите 10 таеквондистки на светот, освои бронзен медал во Кина

    Fri, 09/11/2026 - 13:24
  • „Со најдобриот на сите времиња“: Живкица Каленикова во друштво на Новак Ѓоковиќ, најави дека ќе дојде во Охрид

    Fri, 09/11/2026 - 12:32
  • Малиот херој Матео се роди предвреме со само 1.200 грама на ГАК, сега слави прв роденден

    Fri, 09/11/2026 - 11:46
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.