Три и пол децении независност, безброј предизвици, победи и надежи... Македонија ја прослави 35-годишнината како независна држава.
По повод 8 Септември, македонските славни личности се огласија на социјалните мрежи со честитки и лични пораки посветени на нашата татковина.
Каролина Гочева, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Сара Мејс и уште многу познати имиња ѝ го честитаа празникот на земјата која ја носат во срцето.
Прочитајте ги:
Каролина Гочева
Честит да ни е Денот на независноста на нашата најсакана и единствена Македонија!
Народот е срцето на една татковина, а тоа чука во ритамот на љубовта само кога сме сите ние заедно, сплотени.
35 години низ многу предизвици и искушенија, но сето тоа нѐ направи посилни. Нека чука ова срце уште посилно и погласно, со векови и векови кои следат.
Те сакам, Македонијо!❤️
Елена Ристеска
СРЕЌНА 35-ГОДИШНИНА ОД НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА! Да славиме уште многу годишнини, ама да станеме и подобри луѓе. Да си ја чуваме татковината со штит од љубов и да се сакаме и почитуваме уште повеќе меѓусебно. ❤️
Викторија Лоба
Македонијо ♥️
Во тебе мојата музика најде дом, а мојот глас пат до луѓето. Те сакам со нежноста со која се сака мајка и со искрена желба да те гледам како напредуваш и цветаш.
Расти, свети и биди слободна.
Твоето сонце живее во моето срце 🇲🇰
Среќни 35 години независност!
Калиопи
МАКЕДОНИЈО! ВО ДУША ТЕ НОСАМ!
Сара Мејс
Да си им помалку крива. Да си им помалку мала, а во исто време доволно голема за да си го иструрат ѓубрето кај ќе стигнат. Да не им треба причина за да те сакаат. Да не им треба кампања за да те чуваат. Да не им треба пропаганда за на кирилица да пишуваат…
Да не им е страв името гласно да ти го изговорат.
Жива биди Македонијо
Дарко Димитров
Честит празник, најубава земјо моја! 🇲🇰❤️
Оваа песна е напишана за тебе пред 26 години ❤️
Каролина Гочева – „За нас“
Тамара Тодевска
Катарина Ивановска
Влатко Лозаноски
35 години независна Македонија!
"Зрак, златно сонце да не разбуди,
пак на наше место јас и ти.И пак, ќе цветаат зумбули,
како нови надежи.Таму кај што чука срцево,
се вее знаме жолто црвено. ❤️💛Нека ни е честит 8 Септември!
Димитар Андоновски
Денес славиме 35 години независна Македонија.
За мене Македонија не е само земјата во која сум роден. Таа е мојот дом, моето семејство, мојот јазик и песната што ја носам во себе. Таа е дел од сe што сум и од сe што сакам да им оставам на моите деца.
Во овие 35 години поминавме низ многу убави, но и тешки моменти. Затоа денес посакувам да бидеме посложни, да се почитуваме повеќе и да не забораваме колку сме силни кога сме обединети.
Да си го сакаме и чуваме своето, македонската култура, традиција и нашата прекрасна музика.
Од срце посакувам мир, здравје и подобра иднина за сите нас и за генерациите што доаѓаат.
Нека ни е честит 8 Септември и нека ни е за многу години независноста!
Да си ни вечна, Македонијо!
Иван Наумовски
Лина Ѓорческа
Сања Николиќ