• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Македонија во „Вог“: Модната библија ја претстави нашата земја како гурманска дестинација

24 октомври 2016, 19:17
  • cподели

Македонија е во фокусот на гастрономска приказна на „Вог“. Нашата земја беше претставена од модната библија како посакувана дестинација за гурмани.

Со помош на фотографии од Јане Јосифовски и коментари од неколку сопственици на ресторани и хотели, авторката Клер Волкман се обиде да ја долови гурманската душа на Македонија.

Македонија во Вог Македонија во Вог

„Македонија е земја за која веројатно сте слушнале уз пат – едно од оние места на Балканот кои некогаш беа дел од Југославија. Земја која често е занемарена и заобиколена за сметка на попривлечни земји на блескавото крајбрежје, како Хрватска и Црна Гора. Тоа е место кое поголемиот дел од својот живот е заглавено меѓу земји во војна (Србија и Косово), што им отежнува на посетителите од Западот да му дадат шанса. Тоа е тажно, земајќи предвид што пејзажите се занемувачки убави, луѓето се едни од најгостопримливите... Каде и да одите, секое јадење е приготвено со страст и љубов.... И не само тоа, фокусот е целосно на квалитетот – што значи дека сè е направено од нула, без адитиви и презервативи на кои сме навикнати со храната на Запад“ – пишува Волкман.

Македонија во Вог Македонија во Вог Македонија во Вог Македонија во Вог Македонија во Вог Македонија во Вог Македонија во Вог Македонија во Вог

И покрај тоа што темата на статијата е храната, статијата доби стотици коментари кои се однесуваат на политиката на Грција кон Македонија. Десетици Грци се категорични дека „Вог“ направи огромна грешка што нè претстави под името Македонија, а не како FYROM.

„Вог, можеби треба да ги едуцирате своите писатели! Очигледно се збунети... Македонија е во Грција. Вие зборувате за FYROM, Скопје, Вардарска?“ – пишува еден читател на сајтот на „Вог“.

„Отстранете ја проклетата статија и стрелајте го оној што ја напиша... трагични луѓе без почит“ – пишува друг.

„Да, во Грција секој оброк е направен со страст и љубов! Бидејќи нема Македонија без Грција... Вог треба да знаете подобро“ – додава трет.

„Македонија е регион во Грција, родното место на Александар Велики“ – тврди четврт.

„Македонија не постои како држава, се вика FYROM, Македонија е дел од Грција“ – се надоврзува петти.

Се разбира, во коментарите се вклучени и Македонци кои се обидуваат со позитивност да гледаат на репортажата.

„Ох Вог, те сакам. Благодарам што ја состави оваа неверојатна сторија за мојата прекрасна земја“ – пишува Илина Пејоска.

„Браво Вог... многу интересно и вистинито за Република Македонија... оставете го она што го велат Грците со испрани мозоци... да живее македонската храна и Македонците“ – пишува Стреван Аврамов.

Текстот „Зошто Македонија станува дестинација за гурманите?“ можете да го најдете тука.

Коментарите на Facebook можете да ги погледнете тука.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.