• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мајка на ќерка со Даунов синдром фотографира деца со посебни потреби за да ја покаже нивната убавина

5 август 2016, 08:33
  • cподели

„Погледнете со вашите очи, но видете со вашето срце“ – ова е пораката на Стефани Малоуни, мајка на ќерка со Даунов синдром, која сака да му покаже на светот дека сите деца, без исклучок, се убави.

Стефани фотографира деца со посебни потреби, а нејзините фотографии зрачат со среќа и убавина, рушејќи ги негативните стереотипи поврзани со оваа група лица.

„Има толку многу негативни конотации поврзани со лицата со посебни потреби и толку погрешна визија за она што општеството го смета за прифатливо и/или совршено. Мојата цел е преку овие фотографии да ги променам перцепциите за тоа како се гледани индивидуите со посебни потреби“ – вели Малоуни.

Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни

Стефани започнала да се занимава со фотографија по раѓањето на ќеркичката Хана Грејс. И покрај тоа што Хана се родила со Даунов синдром и три дупки во срцето, Стефани ја обожавала. „Во моментот кога ми ја ставија на градите, знаев дека има Даунов синдром. И знаете што? Ја засакав уште повеќе“ – признава талентираната фотографка.

За жал, нејзиниот сопруг ја нарекол Хана „дефектна“ и ги напуштил пет дена по породувањето. „Се чувствував бессилна и се надевав на подобар живот за Хана. Направив стотици фотографии од неа за да му покажам на светот колку е убава“ – вели таа.

Откако ги споделила фотографиите онлајн, Стефани почнала да добива многу позитивни реакции. Така започнала да фотографира и други деца.

Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни

„Тие се искрени и не се преправаат. Кога ги фотографирам, знам дека сликата ќе биде искрена. Тие постојано се онакви какви што се и тоа е она што најповеќе го сакам. Тие ги гледаат другите како луѓе, не како етикети, па зошто да не заслужуваат да бидат гледани на ист начин? Поправете ме ако грешам, но не сме ли сите несовршени на одреден начин?“ – објаснува Стефани за својата работа, додавајќи дека нејзините фотографии целат да ги променат луѓето.

„Секоја фотографија раскажува приказна. Секоја приказна допира срца. А кога едно срце е допрено, тоа е и променето, а кога срцето е променето, и умот е променет исто така. Тоа е мојата цел“.

Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни Фотографиите на Стефани Малоуни
Tags
посебни потреби
Даунов синдром

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.