Мајка ѝ почина само 45 дена по нејзиното раѓање: Ќерката на Ена Беговиќ се омажи, татко ѝ ја одведе до олтарот
Лана Радељак се омажи за својот долгогодишен партнер Антонио Баришиќ.
Ќерката на легендарната хрватска актерка Ена Беговиќ го изговори судбоносното „ДА“ на церемонија која се одржа во Загреб.
Шармантната невеста блескаше во префинета венчаница со наметка додека чекореше кон олтарот со својот татко Јосип Раделјак, кој не можеше да си ги задржи солзите.
Лана имаше само 45 дена кога Беговиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 15 август 2000 година, за време на семејно патување на островот Брач.
Ена, која важеше за една од најубавите и најталентирани актерки на поранешните југословенски простори, почина на само 40-годишна возраст, оставајќи зад себе незаборавни филмски и театарски улоги, но и мало девојче кое немаше можност да расте покрај неа.
Во автомобилот за време на несреќата била и малата Лана, која, за среќа, не се здобила со сериозни повреди.
Лана неретко споделува емотивни објави посветени на својата мајка, чиј живот прерано згасна.
Сега, повеќе од 26 години по трагедијата, Лана започнува ново животно поглавје, а татко ѝ беше покрај неа додека чекореше кон олтарот.
На Instagram, Лана сподели официјални фотографии од свадбата.