Дали и вам ви се чини дека кога во парк некој ќе викне „Лука“ се вртат по тројца мали фраери или дека секоја втора мајка во игротека довикува „Софи“ или „Јана“? Не е случајно! Статистиката е тука да го потврди она што сите го забележуваме, некои имиња едноставно се хит.
Кога станува збор за изборот на име за најмалите, кај родителите во Македонија фаворити се имиња со по 4-5 букви, кои се звучни, лесни за изговарање и интернационално препознатливи.
Лука и Софија се најпопуларните имиња за бебињата родени во изминатата година според податоците од Државниот завод за статистика. А еве ги комплетните листи за женски и машки имиња:
Споредено со минатата година, Стефан е новитет во топ 10, а Петар испадна од листата.
Што се однесува до девојчињата, листата е освежена со Ева и Ника додека Миа и Бисера ги изгубија местата.