• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле за првпат на црвениот тепих по лекувањето на нивното синче од рак

3 јули 2017, 13:25
  • cподели

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато присуствуваа на доделувањето на Governor General's Performing Arts Awards во Отава, Канада, каде на славниот пејач му беше доделена почесна награда за неговиот придонес во музичката индустрија.

На настанот, 30-годишната актерка од серијата „Млади бунтовници“ шармираше во елегантно црно кратко фустанче.

Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл

Ова е првиот свечен настан на кој славниот пар се појави заедно откако мина неколку месеци избегнувајќи ги медиумските рефлектори и фокусирајќи се на здравјето на синчето Ноа.

Во ноември минатата година, на 3-годишното момче му беше дијагностициран рак на црниот дроб, а пред неколку месеци парот соопшти дека тој одлично напредува во борбата со страшната болест.

Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл

Во говорот, Бубле со емоции зборуваше за своето семејство.

„Стојам тука почестен што ми дозволивте да бидам еден од вашите музички претставници и што ми ја дадовте оваа чест за време на овој тежок период за моето семејство. Ви благодарам за љубовта и поддршката што ми ја дадовте и за гордоста со која сум исполнет секојпат кога можам да застанам на сцена и да речам: Моето име е Мајкл Стивен Бубле и јас сум Канаѓанец“ – вели 41-годишниот музичар.

„Целиот мој живот е инспириран од тоа како се чувствувам за моето семејство – мојата сопруга, моите деца, моите родители, моите сестри, мојот менаџер... Не постојат зборови со кои можам да опишам како се чувствувам за вас. Понекогаш Ве сакам не е доволно, бидејќи тоа што го чувствувам е многу повеќе“ – додава Бубле.

ВИДЕО

Мајкл и Луисана беа фотографирани со двете деца на аеродром.

Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл Луисана и Мајкл
Tags
Мајкл Бубле
Луисана Лопилато

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.