• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле на гала со докторите кои му помогнаа на нивниот син во борбата со ракот

20 октомври 2026, 09:30
  • cподели

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле присуствуваа на гала-вечера по повод 125-годишнината од основањето на Детската болница во Лос Анџелес, настан кој за нив имаше посебно емотивно значење.

Аргентинската актерка и канадскиот пејач делеа иста маса со докторите кои помогнаа во лекувањето на нивниот син од рак. Кога имаше само три години, на малиот Ноа му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но храброто момче успеа да извојува победа над болеста.

Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ сподели дека средбата со лекарите и медицинските сестри кои некогаш им помогнале да ги пребродат најтешките моменти од животот разбудило чувства кои тешко се опишуваат со зборови.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Има вечери кога срцето те враќа на места кои никогаш не ги забораваш… ❤️

Да седам на гала-вечера по повод 125-годишнината на Детската болница во Лос Анџелес, на иста маса со лекарите и медицинските сестри кои некогаш ни помогнаа да останеме силни кога ни се чинеше дека целиот свет ни се руши, беше емоција која тешко може да се опише со зборови.

Додека гледав како Мајкл се качува на сцената за да пее, го погледнав и помислив на сè низ што поминавме… Опкружени со толку многу луѓе, само тој и јас знаевме што чувствуваат нашите срца.

Затоа што некои рани зараснуваат, но оставаат траги кои остануваат засекогаш.

Болката се менува со годините, но никогаш не ја забораваш. Таа станува поинаков начин на љубење, на чувствување благодарност и на гледање на животот.

Таа вечер уште еднаш ме потсети дека дури и кога чувствувавме дека не можеме да продолжиме понатаму, Бог никогаш не ги пушти нашите раце. Ни испрати луѓе кои станаа Негови раце, Негова прегратка и Негова љубов во нашите најмрачни моменти.

Ти благодарам, Боже, за животот, за надежта и за секој ангел кој го постави на нашиот пат. ❤️

Бубле со фотографии со четирите деца ѝ го честиташе Денот на мајката на Луисана.

Tags
Луисана Лопилато
Мајкл Бубле

Најнови

  • „Избра да ја убиеш единствената мајка што ја имав“: Трогателни писма од мали девојчиња до нивниот татко кој им ја уби мајката

    Tue, 10/20/2026 - 11:53
  • Првата проба на македонската претставничка Ана Стојаноска на детската Евровизија во Малта

    Tue, 10/20/2026 - 10:29
  • Џенифер Лопез во стајлинг со деколте откако се засилија гласините дека е во врска со колегата Брет Голдстин

    Tue, 10/20/2026 - 09:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.