„Луѓето мислеа дека е бомба“: Рики Мартин ја разигра Црна Гора, концертот накратко прекинат поради солзавец
На Денот на независноста на Црна Гора, главниот плоштад во Подгорица беше претворен во огромна концертна сцена каде настапи светската латино ѕвезда Рики Мартин.
Илјадници посетители од регионот се собраа на Плоштадот на независноста за да уживаат во бесплатниот спектакл организиран по повод 20 години од обновувањето на независноста на државата.
Публиката со воодушевување ги пееше најголемите хитови на 54-годишниот пејач, како „Maria“, „She Bangs“ и „Livin’ La Vida Loca“, а атмосферата беше исполнета со танц, емоции и овации уште од првите минути.
Пред да се појави на сцената, пејачот порача дека сака вечерта да биде исполнета со радост, љубов и заедништво, а нагласи дека музиката ги поврзува луѓето без разлика на јазикот и границите.
Сепак, во еден момент настана паника кога во толпата бил фрлен солзавец, поради што концертот накратко бил прекинат. Дел од присутните во прв момент помислиле дека станува збор за бомба, па настанала мешаница и луѓето почнале вознемирено да го напуштаат просторот.
„Луѓето плачеа и бегаа од настапот на Рики Мартин. Фрлен беше солзавец. Многумина мислеа дека е бомба...“ – рекол присутен на концертот.
@informacijecrnagora_ U Podgorici je večeras bačen suzavac tokom koncerta Rikija Martina. Nastup je nakratko prekinut.#budva #tivat #cetinje #cetinje🇲🇪 #informacijecrnagora #kotor #berane #ulcinj #montenegro #montenegro🇲🇪 #crnagora🇲🇪 #podgorica #crnagora #podgorica🇲🇪 #pljevlja #pljevlja🇲🇪 ♬ original sound - Informacije Crna Gora
По брзата реакција на обезбедувањето и надлежните служби, ситуацијата била ставена под контрола, а концертот продолжил. И покрај инцидентот, забавата во Подгорица траела до доцна во ноќта.