• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Лили Колинс ќе ја оживее незаборавната Одри Хепберн во филм за снимањето на „Појадок кај Тифани“

24 февруари 2026, 16:45
  • cподели
Лили Колинс и Одри Хепберн

Лили Колинс ја доби улогата од соништата. Ѕвездата на „Emily in Paris“ ќе ја глуми иконата Одри Хепберн во новиот биографски филм кој ќе нè однесе зад сцената на еден од најомилените филмови на сите времиња, „Појадок кај Тифани“ (Breakfast at Tiffany’s).

Познатата актерка, која често е споредувана со Хепберн поради изразените веѓи и нежните црти на лицето, не ја криеше возбудата на социјалните мрежи:

„Зборовите ’почестена’ и ’пресреќна’ не можат ни приближно да опишат како се чувствувам...“ – напиша таа и откри дека проектот се подготвувал веќе 10 години.

Лили Колинс и Одри Хепберн

Филмот нема да биде класична биографија за целиот живот на Одри, туку ќе се фокусира на хаотичниот, фасцинантен и досега нераскажан процес на создавање на филмската магија од 1961 година.

Сценариото е базирано на бестселерот на Сем Васон, „Fifth Avenue, 5 A.M.: Audrey Hepburn, Breakfast at Tiffany’s and the Dawn of the Modern Woman“, кој детално го опишува времето кога Холи Голајтли ги промени светот на модата и филмот засекогаш.

Одри Хепберн

Колинс ќе влезе во улогата и на продуцентка.

Лили Колинс и Одри Хепберн
Tags
Одри Хепберн
Лили Колинс

Најнови

  • Изјава на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи

    Sat, 05/30/2026 - 19:57
  • Ruins

    Светска премиера на документарниот филм „Руини" на Елена Чемерска на Shanghai International Film Festival

    Sat, 05/30/2026 - 19:45
  • Александра Јанева со сопругот Иван и малата ќерка Тина

    Александра Јанева ги сподели првите фотографии од бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 21:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.