• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Лејди Гага со тетоважа за своите обожаватели

5 февруари 2010, 11:42
  • cподели
Лејди ГагаЛејди Гага со двете освоени Греми награди.

Лејди Гага секогаш ја изразувала својата благодарност кон обожавателите. Постигнувајќи огромен успех оваа година, таа има и за што да биде благодарна.

Нарекувајќи ги своите обожаватели „мали чудовишта“ (Little Monsters), ексцентричната Гага секогаш знае на свој начин да им изрази почит – преку пица кога чекаат за автограми, преку феноменални настапи, преку постојани постови на Twitter.

По големиот успех кој го постигна на доделувањето на Греми наградите, Лејди Гага решила дека е време да ја овековечи својата почит кон обожавателите преку тетоважа. Во понеделникот, 23-годишната пејачка си направила трајна тетоважа на својата лева рака што се состоела од зборовите Little Monsters испишани со ракописни букви.

Потоа на Twitter испратила слики од својата нова придобивка коментирајќи: „Погледнете што направив синоќа. Мали чудовишта засекогаш, на раката со која што го држам микрофонот“.

Тетоважата „Мали чудовишта“Тетоважата „Мали чудовишта“

Новата тетоважа на Гага се наоѓа веднаш до тетоважа со цитат од нејзиниот омилен писател Рајнер Марија Рилке, испишан на германски.

“

Во најдлабокиот час на ноќта, признај си дека би умрел ако ти беше забрането да пишуваш. И погледни длабоко во своето срце, каде што се раширени корените на одговорот, и запрашај се, морам ли да пишувам?

Рајнер Марија Рилке

Освен овие две тетоважи, Лејди Гага има и тетоважа со знакот на мирот од внатрешната страна на зглобот на раката (во спомен на нејзиниот идол Џон Ленон), рози и маргаритки на вратот, грбот и колковите и зборовите „Tokyo love“ на левото рамо.

Tags
Лејди Гага

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.