Лазаров со нови фотографии со бебенцето: „Присуствував на породувањето на Марта, по милионити пат се заљубив во неа“
За Стефан Лазаров, раѓањето на неговиот син е момент кој засекогаш ќе го памети.
Македонскиот водител и јутјубер присуствуваше на породувањето на Марта и изјави дека е фасциниран од силата и храброста на жената.
Тој со сјај во очите зборуваше за целиот момент и изјави дека по милионити пат се заљуби во својата сопруга.
„Пола сат пред да започне целиот процес, јас сепак одлучив да присуствувам на породувањето. Најубавиот момент во мојот живот. Момент во којшто ја гледаш храброста на жената. Сите знаеме како функционира тоа и како изгледа, ама мораш да го видиш ако си маж. Мораш да го видиш овој момент. Да сфатиш што е уствари жената. Секоја чест за сите мајки, а за сите момци млади мислам дека треба задолжително да биде да присуствувате на раѓањето на вашето дете. Јас се заљубив по милионити пат во животот мој“ - вели тој.
Лазаров сподели и неколку фотографии со бебенцето.
Бебенцето го доби името Лука.